Каков беше светот кога Арсенал последен пат освои титула

Сега кога Арсенал е сè поблизу до трофејот по кој очајува 12 години, избунаривме што се случуваше во светот таа 2004-та кога Топџиите никому не оставија шанса во Англија.

На власт во Грузија дојде Михаил Сакашвили, а во САД во вториот круг на претседателските избори е избран Џорџ Буш помладиот. Истата година почина палестинскиот претседател Јасер Арафат, а Украина потона во портоколовата револуција после трката за претседател меѓу Виктор Јанукович и Виктор Јушченко.

Трагично почина 24-годишниот фудбалер на Бенфика Миклош Фехер, чие срце престана да чука за време на натпревар на Бенфика.

Тргна најголемиот патнички брод во историјата - океанскиот гигант Queen Mary 2 (должина 345 метри, капацитет од 150.000 тони, сместување за 2.620 патници + 1.253 членови на екипажот).

Култниот филм Пила за првпат се појави во кината.

Се воведе Фејсбук кој стана најголемата социјална мрежа на светот. И Гугл го лансираше својот Gmail кој денес е најпопуларен Интернет поштенски сервис на светот.

Во Австралија и Нов Зеланд се основаа фудбалските клубови Мелбурн Виктори, Сиднеј и Окленд Сити. Од тогаш овие три екипи освоија вкупно 13 шампионски титули во првенството.

Унгарија, Кипар, сите балтички држави, Полска, Малта, Словенија и Чешка Република влегоа во Европската Унија.

На 9. мај 2004-та, на стадионот во Грозни беше изведен бомбашки напад при што загина чеченскиот претседател Ахмед Кадиров.

Рамштајн го објави албумот Reise, Reise. Аврил Лавин го објави новиот студиски албум насловен Under my Skin, а Џастин Бибер не објави ништо, имаше само 10 години.

ТНТ каналот почна да ја емитува популарната серија Дом-2, а на Дискавери каналот почна да се дава Survivorman со Лес Строуд како лик експерт за преживување во тешки услови.

Детроит Пистонс ги згроми ЛА Лејкерси со 4-1 во финалето на НБА.

Украинската Руслана победи на Евровизија со песната Вајлд Денс.

Професионална фудбалска кариера започнаа Карим Бензема, Серхио Рамос и Жерар Пике. Точка на кариерите ставија Роберто Баџо, Емануел Пети и Луис Енрике.

Анастасија Мискина стана првата Русинка што освоила еден Грен Слем - Отвореното првенство на Франција, а Маша Шарапова на 17 години го освои Вимблдон и направи сензација кога со 6-1, 6-4 ја победи двократнта шампионка Серена Вилијамс.

На Европското во Португалија се случи изненадување од неверојатни размери. Пехарот го освои репрезентацијата на Грција. Во август истата година Грците ги погледна среќата и со домаќинството на Летните Олимписки Игри.

Во финалето на ЛШ играа Порто и Монако. И тогаш не беше ништо помалку чудно како сега ваквиот развој на настаните во фудбалска Европа.

После 7 години од полетувањето, вселенскиот апарат Касини-Хајгенс како здружена мисија на најголемите вселенски агенции НАСА/ЕСА/АСИ ја проучуваше планетата со своите прстени. Подоцна Хајгенс донесе податоци и од многу други работи, како што се хелиосферата, Јупитер и тестови за теорија на релативност.

На 1. септември 2004. година се случи ужасот во руската област Северна Осетија кога после терористички упад во детско училиште 1.100 луѓе (777 деца) беа држени како заложници од кои на крајот од драмата повеќе од 334 лица загинаа од кои 186 деца.

Во САД се објави најпопуларната мрежна игра World of Warcraft, а во исто време се појави и симулаторот The Sims 2.

Почна изградбата на највисокто здание во светот, Бурџ-Калифа во Дубаи.

Челси со Раниери заврши втор зад шампионот Арсенал. Во моментов прв Лестер со Раниери е втор зад Арсенал. Случајност?

2004-та заврши со страшен земјотрес во Индискиот океан. Како резултат на цунамито загинаа околу 230.000 луѓе.

12 јануари 2016 - 10:33