„Експлицитни сексуални сцени, пирсинг во живо и голи монахињи на ролерки“ - вака известија светските и нашите медиуми за премиерата во Државната опера во Штутгарт која се одржа деновиве. Иако звучи како да станува збор за нова опера, таа е всушност стара повеќе од 100 години.
Во Франција на 20.09. излезе нова верзија на славниот филм од 1974, режиран од Одри Диван, која претходно доби Златен лав во Венеција за моќната драма за абортус, „Хепенинг“. Ако сексуалните авантури на Емануела треба да се пре-раскажат, тоа е затоа што за половина век нештата во областа на сексуалноста се имаат драстично променето. Не самиот секс де, туку социјалните и идеолошките матрици поврзани со него.
„Незгодноста“ на некоја ситуација, однос или настан, наместо да биде повод за тревожење, може да послужи како можност за поинаков начин на пишување на социјалното сценарио, oдносно пополнување на дупките кои тоа ги содржи кога се во прашање табуизирани ситуации.
На почетокот на 1930-тите, група Европејци, главно составена од Германци, одлучиле да остават сè зад себе и да се преселат на изолиран остров. Што може да тргне наопаку помеѓу два пара и авантуристички настроена тројка? Наскоро за нив пишувале светските медиуми.
За да го заобиколат алгоритамот на ТикТок, кој бескрупулозно цензурира одредени теми, корисниците имаат креирано алтернативен речник - „наци“ е „јаци“, „убивање“ е „oдживување“, „порн“ е „корн“. Нешто од сето ова се прелева и во таканаречениот реален живот.
Покрај сите организациски, безбедносни и логистички предизвици, секоја Олимпијада се соочува и со фактот дека многу луѓе на едно место можат, меѓу другото, да имаат секс. Организаторите на најновата во Париз објавија дека обезбедиле дури 300.000 од нив. Голем чекор од Токио и Пекинг во време на пандемијата и поинакви брисеви, но не изненадувачки во однос на историјата на користењето кондоми низ историјата на Олимписките игри.
Сесуе Хајакава бил номиниран за Оскар за својата улога на лошиот поручник Саито во „Мостот на реката Квај“ од 1957. Ова било кулминација на повеќедецениска холивудска (и европска) кариера во кој човекот кој е сметан за еден од првите филмски секс симболи, но сакал да биде и нешто повеќе отколку егзотичен „зликовец“.
Од 1671, кога прв пат била играна, претставата „Заљубениот принц или љубопитниот сопруг“ не се играла поради контроверзните теми со кои си поигрувала нејзината авторка - првата Англичанка која заработувала од пишување драми и поезија.
На почетокот на 1920-тите мал крајбрежен град во Сасекс бил потресен од скандал кој вклучувал стотици анонимно испраќани писма со содржина која е малку да се нарече „мрсна“. Сега нов филм инспириран од овој настан ја открива вистинската приказна. Или барем нешто блиску до неа.
Била објавена под псевдоним, но зад книгата стоеле 24 новинари од списанието „Њусдеј“. Иако целта била да се исмеат книгите од жанрот романса и еротика, ефектот барем некое време бил тотално спротивен - книгата се продавала како алва, дури и откако самите новинари признале дека станува збор за зафрканција.
Има така облачни денови кога нè огрева зрак сонце од тотално банално, но крајно откачено откритие. На пример, дека постои книга со 3000 кастинг кредити на кои вообичаено никој не им обрнува внимание, скриени некаде на крајот од филмските шпици.
Лиза Мари Присли била бесна откако го видела филмот на Софија Копола, кој го прикажува животот на нејзииното семејство. Вистинските ликови зад драмата „Мај декември“ исто така немале баш пофални зборови за истиот. Иако се готов извор на супер приказни, биографиите знаат да бидат ризични за екранизација.
Ново издание на Институтот за македонска литература, „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963“ на авторите Ана Мартиноска и Жарко Иванов се однесува на еден траурен момент од колективната историја. Среде хаосот и болката на скопскиот земјотрес, еден фолклорист се одважил да го забележи она што денес претставува скапоцен документ за тоа како преживеаните се збогувале со своите блиски. Сега, 60 години подоцна, тие прв пат стануваат достапни за јавноста и тоа токму во момент на колективна тага.
Мемоар на млад Јапонец, кој нуди необична услуга - да ве придружува при некаква активност без да прави ништо особено. За ова не бара пари, само патни трошоци, а прифаќа и оброк. Ова не го прави затоа што е бездомник или сиромашен, туку за да докаже - дека и оние кои се навидум „бескорисни“ според суровите стандарди на современото општество и тоа како можат да бидат потребни некому.
Мет Смит, ѕвездата на „Доктор Ху“ и „Круната“, ќе ја продуцира и ќе глуми во мини-серијата базирана на книгата на Кејв од 2009, за трговски патник опседнат со секс, кој во еден момент станува самохран татко и мора да се грижи за својот 9-годишен син. Едвај чекаме пролет.
Нема појак доказ од моќта на пишаниот збор од фактот дека историски луѓето на кои тој збор не им одговарал по секоја цена сакале да го забранат. Иако што било „прво“ често пати е тешко да се лоцира, јасно е дека во минатото (а во некои контексти и денес) да се пишува нешто против мејнстримот било опасно не само по книгата, туку и по животот.
Две значајни антрополошки организации од САД и Канада организираат конференција. На неа се пријавува тим кој сака да зборува за биолошкиот пол како за (се уште) значајна категорија во општествените и хуманистичките истражувања. Без да ги повикаат на разговор, организаторите го бришат нивниот панел од програмата. Овие остануваат со купените авионски карти и биолошкиот пол в рака.
Завчера, 8.8., на 76-годишна возраст, почина Џејми Рид, уметникот чии дела придонесоа кон популарноста на панкот и сродните контракултурни движења, како и на неговите славни музички претставници, Секс пистолси.
Од звуци на садници канабис до врескачки пауни, проголтани микрофони и бебиња во матка, постојат музичари кои ги отфрлаат „обичните“ инструменти и звуците кои можат да се добијат со компјутери. Нив ги интересира нешто...поинакво.
Нова книга под наслов „За сите што некогаш ќе прашаат: животот, музиката и мистеријата на Кони Конверс“, новинарот и музичар Хaуард Фишмен го истражува талентот и животот на кантавторката за која малкумина знаат.
Секоја чест за сите провокативни книги, ама идејата Уелбек да игра главна улога во секс филм однапред заслужува Златна малина во тој жанр. Ќе се прашувавме чија е таа глупа идеја, да не се знаеше дека е - на жена му. Сега двајцата се пишманат, но холандски суд одлучил дека филмот сепак ќе може да се прикажува.
„Молецот“ (The Moth) е подкаст на кој познати и помалку познати луѓе споделуваат свои приказни пред публика во живо. Во пресмешна епизода, новинарот А. Џ. Џејкобс раскажува за една своја работна задача, поради која се нашол гол на страниците на списанието за коешто пишувал.
За оние кои уживаат во приказните за блуд и разврат во стариот Рим: запознајте го лудиот император за кого Калигура и Нерон се мали деца. Во четирите години додека бил на власт го викале и „женско петле“ и „силувач на девици“ и „Тибериски“ затоа што, откако му го распарчиле, телото му го фрлиле во реката Тибар. Име му е Хелиогабал.
Денес од петни жили медиумите се обидуваат да измислат скандал, но притоа ниту една фикција не може да им парира на вистински скандалозните приказни за кои никој не зборува. И оваа би останала тајна, да не било едно убиство.