„Странецот дојде гол“ е eротски роман од 1969, напишан како книжевна измама, чија цел била да се пародизира американската книжевна култура на тоа време. Иако потпишана со псевдонимот „Пенелоп Eш“, книгата всушност била напишана од група од 24 новинари, водена од колумнистот на списанието Њусдеј, Мајк МекГрејди.
Неговата цела била да напише книга која била намерно ужасна и содржела детални описи на секс, за да ја илустрира поентата дека популарната американската книжевност станала екстремно вулгарна и неквалитетна. Помеѓу 19-те мажи и 5-те жени кои ги поканил да соработуваат на проектот имало и големи имиња, како Јуџин Голц и Роберт Грин, обајцата добитници на Пулицер за новинарство.
Секое поглавје било напишано од различен автор, но бидејќи на овие луѓе биле махери во својата работа, дури и кога сакале да пишуваат лошо не успевале во тоа. Оттаму, уредниците имале тешка задача - да ја направат книгата ПОМАЛКУ читлива. Авторката, Пенелоп Еш, ја глумела снаата на МекГрејди, кога требало да се среќава со фотографи и издавачи. Издавачот бил од независните, познат по своите контроверзни и сексуално експлицитни книги. Фотографијата на корицата била преземена од унгарско еротско списание - моделот и фотографот подоцна барале и добиле хонорар за авторските права.
Авторите, по неколку месеци, кога продажбата на книгата веќе се искачила на 20.000 примероци и се нашла на четвртото место на листата на Њујорк Тајмс, одлучиле да ја разоткријат приказната на популарно ТВ шоу. Но, иронично, наместо ова да ги разочара читателите, книгата продолжила да се продава и тоа во уште поголем број! До крајот на 1969, таа имала поминато цели 13 недели на бестселер листата на Њујорк Тајмс, со речиси половина милион продадени копии и истоимен хард-кор филм, со кој првичните автори немале никаква врска, но групно биле да го гледаат.