- Џон Ф. Клаузер, добитник на Нобеловата награда за физика за 2022 година за неговите трудови околу квантната механика, одлучи да ја потпише Светската климатска декларација чија централна порака е: „не постои климатска вонредна состојба“.
- Клаузер е вториот нобеловец што ја потпиша декларацијата, прв беше д-р Ивар Гиавер. Бројот на научници и експерти кои ја потпишуваат Светската декларација за климата рапидно расте и сега се приближува до 1.600 луѓе.
- Клаузер уште лани јавно се огради од климатскиот алармизам а годинава се приклучи и на Управниот одбор на Коалицијата за CO2.
- За него пишувавме лани кога го пренесовме неговото мислење дека погрешната климатска наука „метастазирала во огромна шок-новинарска псевдонаука“.
- Србија и Босна и Херцеговина се меѓу 14-те избрани земји на кои претседателот Доналд Трамп од 1 август им воведува значително повисоки тарифи за увоз на производи. Србија е погодена со царина од 35%, а Босна и Херцеговина со 30%.
- Тарифите за другите земји се во рангот од 25% за увоз на стоки од Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Казахстан и Тунис, 30% за Јужна Африка, 32% за Индонезија, 35% за Бангладеш, 36% за Камбоџа и Тајланд и 40% за Лаос и Мјамнар.
- Во писмата што им ги испратил на претседателите Трамп ги известува дека „новите царини биле неопходни за да се корегираат трговските дефицити на САД“. Ги предупредува дека на секое нивно зголемување на царините САД реципрочно ќе одговорат, а при отстранување на царинските и регулаторните бариери „можеби“ ќе разгледаат намалување.
- Белата куќа објави дека до крајот на неделата ќе бидат испратени писма со идентична содржина, но со различен процент на тарифи и до други земји.