Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, трикратен МВП во НБА, синоќа имаше луд трипл-дабл со 29 поени, 18 скока и дури 16 асистенции. Ова е негов веќе 132. трипл-дабл во регуларен дел од НБА или 150-ти вкупно со сè натпреварите од плејоф.
Колку е неверојатен овој учинок покажува и фактот што вакви бројки во НБА не се видени на еден натпревар уште од времето на дамнешниот и легендарен Оскар Робертсон пред 62 години!
Јокиќ пред две вечери постигна 40 поени а сега имаше нов блесок, овојпат против Бруклин Нетс за втор триумф на неговиот Денвер Нагетс. Покрај него добри партии имаа уште и Арон Гордон и Џамал Мареј со по 24 поени, Расел Вестбрук уфрли 22 поени а Портер Џуниор 16.
Кај поразениот Бруклин Нетс Денис Шрудер изброи до 28 поени а Кем Томас беше исто ефикасен со 26 поени.