Гафот на Бајден многу потсетува на на Хилари Клинтон која се залета за време на нејзината претседателска кампања во 2016 година, па пола од поддржувачите на Трамп ги нарече расисти, сексисти, ксенофоби и , исламофоби кои припаѓаат во „кошницата очајници“.
Токму за овој нејзин фаул многумина, вклучително и самата Клинтон, веруваат дека ја чинел изборите.
„Во овој момент, не може да се скрие презирот на демократите кон поддржувачите на Трамп. Демократите немаат ништо заедничко со работничката класа, со оние Американци кои немаат факултет, кои повеќе се грижат за економијата, имиграцијата и криминалот отколку за климатските промени, дефинансирањето на полицијата или „транс правата“. Гафот на Џо Бајден само го направи овој антидемократски снобизам видлив за сите“, пишува Лорен Смит.