Претстава која не е играна три и пол века бидејќи на времето била сметана за „премногу контроверзна“ ќе биде повторно вратена на театарската сцена во Кент, Британија.
Трупата „Кентербери плејерс“ ќе ја играат „Заљубениот принц или љубопитниот сопруг“ од авторката Афра Бен, од 2-4 јули на Универзитетот Крајст чрч во Кентербери.
Драмата не е поставувана од 1671, кога многумина сметале дека темите што ги обработува на сатиричен начин не се „соодветни“ за јавно прикажување. Бен, родена токму во Кентербери, била првата жена во Британија која заработувала за живот како професионална писателка.
Но тоа не е сè. Таа исто така шпионирала за англиската Круна, преведувала и била поетеса. На шпионажа се нафатила откако во еден момент завршила во затвор поради долгови, а веројатно од истите причини се одлучила и да заработува со пишување.
Нејзината драма, која била прикажана само еднаш, следи приказна на двајца мажи: принцот Фредерик, кој верувал дека може да има секс со секоја жена што ќе ја посака и неговиот пријател, Куртиус, кој бара од Фредерик да ја тестира верноста на неговата вереница Лаура. Драмата ги пародизира аристократските „доблести“, комично истражувајќи ги последиците од декаденцијата во највисоките ешалони на општеството.
Ова е дел од поширок проект кој ги истражува животот и делото на Бен, чија статуа ќе биде откриена до крајот на годината на Универзитетот Кентербери.