Питер Најгард, 79-годишниот моден могул го уапсија во понеделникот поради обвиненија што датираат уште од 1995, а вклучуваат рекетирање, трговија со принуден секс и транспорт на малолетник за проституција.
23-годишен тип, оженет со 76-годишна жена после долго време отворено присуство на социјални мрежи каде што со светот споделуваат серенади и бакнување, отвораат и ОнлиФанс профил, за тие што сакаат и повнатре да им влезат.
Ние вакви податоци немаме и тоа е тажно. Туку, среќен ден на американските избори, со оглед на тоа што цел свет е принуден да се мавта со нивната домашна политика. А сега, интересното.
Во последниве неколку години, списанијата се мачат да го издржат притисокот на онлајн публикации, но изгледа тоа не важи за Плејгрл - се враќа и особено ќе се посвети на современите женски гласови и вредности. И некаде ко да ја грешат работата.
Четири години, #MeToo пропагира дека секоја една жена што ќе излезе во јавност со тврдење дека е на било каков начин сексуално малтретирана од маж, ја кажува вистината, во право е, ѝ се верува безрезервно и мора да е така. Освен кога се работи за Бајден. Тогаш, нешто се разговара.
Критичарите ја мразат, на Французите им е глупа, а публиката е поделена: едни се воодушевени, други пискаат дека е нереална. Ама поважното прашање е кога секаде, ама секаде пишуваше дека серијата ја создал Дарен Стар (Sex and the City, Younger), што очекуваа - Бергман во Париз?
„Филозофот на #MeToo“, како што ја нарекуваат Кејти Ман, ја објави книгата Entitled, каде што на многу сиров и непријатен, но успешен начин ја дискутира подреденоста на жените во општеството и проблемите од каде што таа произлегува.
Напротив, тврдат дека без разлика што трескаат медиумите, не се осамени кариеристи зависни од порно, пресебични за да влезат во врска. Според врвни експерти, а и според самите миленијалци, се работи за најекспериментирачки настроена, просветлена и сексуално исполнета генерација досега.
Ви текнува како новиве woke-генерации се намерачија да исчезне серијата „Пријатели“ затоа што беа крајно навредени од секоја можна епизода? Е па, сега на ред е „Сексот и градот“.
„Луѓето ме прашуваат за она што сега го работам. Без разлика дали се сосема непознати или шокирани пријатели, обично почнува со шепот, божем, ако ги кажеш тие зборови доволно гласно, некој може да умре. Луѓето се љубопитни и малку исплашени. Нивната замисла за порно е некоја верзија на Рон Џереми зад камера, со цигара, додека пред камера се одвива некоја издрогирана оргија. Нонстоп е испотен и вечно е 1975. И потоа ќе ме видат мене.“
„Егзорцист“ нема страшно само во дејствието - еден куп приказни се плетат околу снимањето на филмот - чудни несреќи и настани на сет, Елен Бурстин со повреда на грбот, на учесниците им гинат блиски; толку станало лошо, што на крај викнале свештеник и на целата продукција да изведе егзорцизам.
Долго пред #MeToo, уште во раните обиди по секоја цена да се промовира просечниот изглед и способности, на сцена дојде Меган Фокс, натпросечно убава и згодна, талентирана и искористена за олицетворение на секс-фантазии на 16-годишници и гласна и лута поради тоа. Ни на публика, ни на феминисти, а ни на #MeToo не им беше гајле за тоа.
Замисли си седиш дома раат и ти влегуваат двајца непознати мажи за да ти остварат садо-мазо секс-фантазија. Ама ти си машко, а тие ја згрешиле куќата. Едно незгодно.
Кога Меган Маркл стана кралска, ги исклучи сите профили на социјални мрежи и го затвори нејзиниот лајфстајл блог, само што - тоа не значи дека престана да си го документира животот.
Дечко, девојка, што да е… Ова е препорака од холандските власти, не го измисливме ние. Предлагаат секој да се потруди околу свое „другарче за гушкање“.
Вие сте отпорот. Вие сте неприкосновениот дел од системот. Вие кои издвојувавте неколку мали победи деновиве. Дозвoлете да го започнам текстов со една приказна.
Две-три сингл девојки споделуваат како се снаоѓаат во карантин, без партнер, додека околу нив цвета љубов, оперирана од осет и преплетена со глупи идеи. Заклучок: Луѓето се неподносливи.
Знаете како на сите ви истекна по една доскочица „што ќе прават швалерките сега во карантин?“ Е па, еве една реална димензија. Иако, насловот со „швалерка“ во него, откако ќе го прочиташ текстот, станува малку нефер. Не е ова класика, „ме сака, не спие со жена му“. Добро да, и ова го кажува. Ама еве, читнете.