Каков лик е овој Трамп!

„Мајка Тереза ќе ја осудеа во ваков случај,“ рече Трамп по пресудата дека е виновен дека мувал со финансиски документи за да покрие дека на порно актерката Сторми Даниелс ѝ дал 130.000 долари за во изборната 2016-та да си ќути за нивната наводна секс афера. Една афера од судницата (не сме сигурни колку е автентична ама ептен го личи) и уште неколку рикошети од овој случај.

По којзнае колку одбивања на предлозите на Трамп и неговата одбрана од страна на судијата Хуан Мерчан, Трамп изгубил нерви па доволно гласно рекол: „Каков морон!“

Мерчан збеснал уште повеќе па инстантно му пресудил 1.000 долари казна за непочитување на судот.

- Илјада долари? се зачудил Трамп „Па кажав само два збора!“

“Два збора се доволни за непочитување на судот,“ рекол судијата.

Трамп го извадил паричникот и фатил да буричка во него.

„Казната не мора да се плати веднаш,“ му објаснил судијата.

„Не гледам тоа. Гледам дали имам доволно кеш за уште два збора,“ рекол Трамп.

******************

Брзо по пресудата, Трамп го извади следново видео:

„Ова е финална битка. Со вас од моја страна, ќе ја уништиме длабоката држава. Ќе ги избркаме воените хушкачи од владата. Ќе ги истераме глобалистите...“

*****************

Го извадија и ова моќно видео за мобилизирање на нивното гласачко тело:

******************

Најгласната контра на пресудата дојде од Мегин Кели која рече дека линиите се преминати.

„Следен нема да биде Хантер Бајден. Нека му ја мислат Џо и Џил Бајден, можеби и Обама, можеби и Клинтонови“, рече Кели која вели дека Републиката може да се спаси само ако на Демократите им се даде да осетат нешто од нивната терапија.

„Пред да почнете со славење на CNN и MSNBC, размислете и прашајте се каква Пандорина кутија отворивте со ова.“

******************

За да не помисли некој дека заканите како оние на Мегин Кели се празни зборови, републиканскиот сенатор Бајрон Доналдс порача дека досега идентифукувале 20 шел компании кои Џо и Хантер Бајден ги користеле да ги прикријат трагите на нивните финансиски зделки.

**************

Пресудата е донесена а казната треба да биде соопштена неколку дена пред Трамп да ја добие претседателската номинација на Реепубликанската партија.

Како и да е, тој има прави на жалба пред Апелациониот суд на Менхетн.

Што мислите, какви му се шансите со овој актуелен состан на Апелација?

31 мај 2024 - 10:49