Најди си дежурен секс-партнер за карантин

Дечко, девојка, што да е… Ова е препорака од холандските власти, не го измисливме ние. Предлагаат секој да се потруди околу свое „другарче за гушкање“.

Самците во Холандија ги советуваат да си изберат секс-пријателче за карантин - вака пишува во официјалните упатства за коронавирус во Холандскиот национален институт за јавно здравје и околина, односно - „Оние без траен сексуален партнер треба да дојдат до меѓусебно задоволително согласување со слични индивидуи.“

Уште од 23-ти март, Холандија е во „паметен локдаун“, при кој, на луѓето им се дозволуваат три посетители во домот, во секое време, под строги услови - да држат растојание од 1.5 метар еден од друг. Но, Институтот сега вика дека

„Има смисла како сингл-личност да имате потреба од физички контакт. Дискутирајте како најдобро да се изведе ова. На пример, среќавајте се со истата личност за физички или сексуален контакт - другарче за гушкање или за секс, доколку не сте болни. Убаво договорете се со ова лице за тоа со колку други луѓе ќе се гледате. Колку повеќе луѓе, толку поголема шанса да се шири вирусот.“

„Не практикувајте секс со партнерот ако е изолиран поради сомнеж за инфекција со коронавирус,“ продолжува во препораките. „Секс со самите себе или со други на дистанца е возможна опција (нека ви текне на еротски приказни, мастурбирање заедно).“

Од 16-ти мај, препораката повеќе не го содржи терминот „другарче за гушкање или секс“, туку советот е „да се сведе на минимум ризикот од коронавирус за време на интимност или секс.“

А откако е почнато ова, луѓето како да се понапалени од кога било: расте продажбата на кондоми, секс-кукли и играчки, Порнхаб уште малку ќе го паднат, а расте и стапката на пребарување како сам да си направиш секс-играчка.

Се случуваат дури и секс-забави на Зум, Скајп и Фејстајм.

Признајте дека не ви текна.

18 мај 2020 - 14:38