Мејтланд Ворд:

Како порното ме спаси од Холивуд

„Луѓето ме прашуваат за она што сега го работам. Без разлика дали се сосема непознати или шокирани пријатели, обично почнува со шепот, божем, ако ги кажеш тие зборови доволно гласно, некој може да умре. Луѓето се љубопитни и малку исплашени. Нивната замисла за порно е некоја верзија на Рон Џереми зад камера, со цигара, додека пред камера се одвива некоја издрогирана оргија. Нонстоп е испотен и вечно е 1975. И потоа ќе ме видат мене.“

„Извини, дали си ти…“ слушам еден глас во ресторан, додека ми паѓа лососот од вилушка. Погледнувам нагоре. Го спуштам приборот додека еден човек со растреперени раце ми дава мени да му го потпишам. Се смешка и ми кажува дека го обожава тоа што го работам. Многу се смешка. Многу, многу го обожава тоа што го работам. Кажав дека се смешка? Ама во исто време носи и маица со Frozen мјузиклот. Ми подава пенкало и му го пишувам името на хартијата. Завршувам и ме прашува на што ќе работам следно. Вилицата ми се укочува: Во вакви моменти морам да скенирам докази и да проценам - Од Дизни ме знае, или од порно?

Пред десет години, одговорот ќе беше јасен. Татко и дете ќе пријдат. Детето потскокнува да ја види црвенокосата од Boy Meets World. Ќе поразговараме за епизоди или за приказната, и како пингвинот е всушност риба (ако сте ја гледале серијата, ќе сфатите). Детето ќе позира, таткото ќе гледа. А денес, повеќе од кога и да е, само татковците гледаат. Децата што ме гледале во дневна, во петок навечер се пораснати. Имаат по 20 и 30 години и се дел од порно-генерацијата, каде што пристапот до гледање секс на интернет секогаш бил лесен. И самите се родители. И можеби нивните деца ме гледаат на Дизни Плус, ама возрасните ме гледаат на многу поинаков начин.

Што ви се гледа повеќе?

Голема работа беше кога се појавив во првиот хардкор филм за возрасни. Цимерката од колеџ на Ерик и Џек што едно време танцуваше и миеше садови во виолетови купачи сега ги соблекува. И прави многу повеќе од соблекување. Денот кога се најави Драјв, филмот што го снимив со Кејден Крос за deeper.com, посетите на сајтот збеснаа. Насловите беа меѓународни и вирални. Бев прва на трендинг на Гугл, пред инфарктот на Берни Сандерс (вицот беше дека јас сум му го предизвикала). Веројатно и треба да се очекува дека вест за тинејџерска атракција што влегла во порно ќе добие нозе, ама мислам дека никој не очекуваше дека ќе бидат толку долги тие нозе. Славните, особено оние од стари детски серии постојано се обидуваа да добијат пет минути на ТМЗ. Да ми беше тоа намерата, ќе ја следев формулата: Направи лошо домашно секс-видео, плачи дека било грешка, па почни Јутјуб канал каде што добиваш следачи и спонзори со постојано кукање за лошото секс-видео.

Зев.

Тоа не сум јас. Никогаш нема да бидам. Не ми е срам.

Многумина очекуваа славата во светот на порното да ми трае кратко. Финта е. Не е сериозна. Никој од мејнстримот не е сериозен. Но, токму тоа ја прави мојата приказна поинаква: Мојата искрена љубов кон уметноста за возрасни и шарени филмови. Мојата приказна е патување, не предупредување. И бев спремна да им докажам дека грешат.

Кратко по масивниот успех на Драјв, потпишав ексклузивен договор заедно со Кејден и Виксен Медиа Груп, да бидам заштитно лице на Deeper. Да ги спојам уметничкото и табуто. Имав среќа да најдам човек како Кејден кој не само што има талент и визија, туку и верба дека и двете се можат. Кратко потоа добив шест награди на XBIZ и AVN - не само за глумењето, туку и за сексот. Никогаш не сум била погорда од тој момент, кога ме препознаа за двете нешта.

Ми се допаѓа што луѓето ме прашуваат за она што сега го работам. Без разлика дали се сосема непознати или шокирани пријатели, обично почнува со шепот, божем, ако ги кажеш тие зборови доволно гласно, некој може да умре. Луѓето се љубопитни и малку исплашени. Нивната замисла за порно е некоја верзија на Рон Џереми зад камера, со цигара, додека пред камера се одвива некоја издрогирана оргија. Нонстоп е испотен и вечно е 1975. И потоа ќе ме видат мене. Типичен коментар е на пример, „Еј, па ти си нормална“ - како порното или желбата за сексуален настап да не е. Не би им било пријатно да му пријдат на некој што го виделе на интернет во генг-бенг со дупла пенетрација и да го прашаат нешто, ама со мене им е удобно. Мене ме познаваат. Јас сум им била во дневна секоја недела. И тоа нешто им значи. Драго ми е што сум таков мост; што можам да нормализирам нешто што е апсолутно нормално.

Многу луѓе ми кажуваат дека мастурбирале на мене повеќе од 20 години. Размислете за тоа. Не е тоа лесна задача - да му бидеш на некој материјал за дркање скоро три децении. Толку е ретко што ни Гинис нема категорија за тоа. Ама сега моите фанови можат да ми го купат Флешлајтот! Колку од вас можат да кажат дека вагината на симпатијата од детство им е во фиока до кревет?

Порно-сетовите функционираат исто како мејнстрим сетовите. Истите светла. Истите камери. Само друга акција. Луѓе ме прашуваат дали се плашам дека индустријата за возрасни премногу ме оштетила за да се вратам во мејнстрим. Не, мејнстримот премногу ме оштети за да се вратам во мејнстрим. Стана ограничувачко и ми беше досадно. Фиоката во која почнаа да ме ставаат стануваше сѐ потесна. Бев весела. Смешна. Само тоа смеев да бидам. Кога наполнив триесет, ми кажаа дека не можам да бидам секси. Еден публицист ми кажа, на начин што му се чинеше културен дека ако сакаат секси, ќе најдат некоја 25-годишна. Драго ми е што не послушав.

Сега играм улоги што сакам да ги играм. Можам да бидам мрачна, чудна и сексуална. Дозволена ми е слобода да си го пронајдам гласот и тоа не е нешто што мејнстримот често ти го дозволува. За тоа треба да му се заблагодарам на порното. Ги имам Кејден и Дипер. Ги имам фановите. И сега е време да се срушат ѕидовите. Време е порното да стане мејнстрим, а мејнстримот да го прифати.

А типот во ресторанот - тој со Дизни маичката, со насмевката - имам одговор за него. Не е важно од каде ме знае. Се гордеам со она што сум и она што станувам. Секогаш сум единствено јас.

Му ја возвраќам насмевката додека му го давам автограмот и му велам, „Ќе правам што сакам.“

И тој се насмевнува и ми вели, „Е па, се надевам дека ќе биде анал.“

27 јули 2020 - 12:43