Под маски заживува секс-индустријата во Бангкок

Ноќниот живот во Бангкок, со сите негови предизвици, масажи и разголеност веќе застанува на нозе.

Се носат маски и бикини, после три месеци неработење заради коронавирусот. На баровите, кафаните со караоке и студијата за масажа сега им е дозволено да отворат, откако Тајланд наводно помина 37 дена без локална трансмисија на вирусот. Ова значи дека стотици илјади луѓе кои се мачеа да преживеат - се враќаат на работа.

На сите муштерии им се мери температура и мораат да остават број и име и презиме. Внатре, сите седат на минимум еден метар растојание и два метри од сцена. Сепак, како што известуваат дописници за британски медиуми, слично како и кај нас, треба да се напикаат во превоз со 200 души, па после да држат метар растојание (со тоа што ние баш и немаме така развиена секс-индустрија, за жал).

Тајланд го извлече најдебелиот крај од сите негови комшии, затоа што заради корона им влегоа 80% помалку туристи годинава.

Сега, според извештаите што новинари ги праќаат од таму, пред клубови со имиња како „Дрим Бој“ стојат разголени дечки со штитови за лице и се обидуваат да ги охрабрат ретките минувачи да повелат внатре.

Од непријатните вести, како што често се случува периодов во различни делови од светот, многу бизниси кои работеле по 15-20 години немаат начин да се вратат.

3 јули 2020 - 16:44