Многу ѝ текнува

Кога Меган Маркл стана кралска, ги исклучи сите профили на социјални мрежи и го затвори нејзиниот лајфстајл блог, само што - тоа не значи дека престана да си го документира животот.

Сега некои нови извештаи (читај: се појавуваат муабети) викаат дека Меган водела дневник додека била дел од кралското семејство и експерти тврдат дека тоа ќе вреди милиони ако некогаш се објави.

А Меган и Хари се повлекоа од кралските должности и сега кешираат на имиџ, па…

Според Мирор, „било каков мемоар од годините на Меган во монархијата, со детали од некоја расправија меѓу Вилијам и Хари, или поврзаноста на принцот Ендру со секс-скандалот на Епстин може да стигне до наддавање од 150 милиони долари и повеќе.

Се разбира, тоа што Меган водела потенцијално сочен дневник не значи дека ние некогаш ќе го прочитаме. Дури и со фрлање вакви суми од ракав, никаде нема индикации дека Меган планира да пушти разоткривачки мемоар.

Ама:

„Фактот што воопшто може да постои и да содржи материјал што може да го засрами кралското семејство е доволно на човек да му стане неудобно, и покрај тоа што во моментов нема причина да се мисли дека планира да го објави,“ вели еден извор на кралското семејство. „Меган отсекогаш знаела да се изрекламира. Нејзино сведоштво на некои потешки времиња ги загрижува сите во кралската палата.“

Океј, нема да го објави.

Додека не го објави.

После ќе видиме.

Од нула до „шо ти е на тебе“, колку мислите дека ќе го објави?

п.с. Нејзин си е. No judgement.

27 мај 2020 - 11:16