Домовите делуваат паралелно со ширењето на се попопуларната филозофија во Кина на финансиска независност и рано пензионирање и концептот на лежење рамно, кој подразбира пристап во кој правиш најмалку што треба за да преживееш.
Популарноста на домовите е доволно раширена да освен во најголемите градови ги има и во помалите градови и пооддалечените провинции.
За дел од младите оваа пензија е само привремена и нејзе ја земаат на неколку години или месеци, додека се меѓу работи или едноставно сакаат да направат пауза и малку да размислат на раат.
За време на престојот младите пензионери имаат целосно организиран ден во однос на оброци и активности кои се планираат за нив. Разликата од постарите е што активностите обично се нешто поживи па опфаќаат земјоделство, риболов или готвење во заедничката кујна. Навечер им се организира дружење во кругот на домовите.
Цената во еден од домовите што го посетува кинески СЦМП, е 200 долари месечно за соба. Друг дом пак не наплаќа месечно меѓутоа од кираџиите бара да помогнат во одржувањето и развојот на куќата во која се наоѓаат. За споредба традиционални старечки домови минимум во просек наплаќаат 700 долари.
СЦМП новиот тренд го толкува како одраз на се поголемата промена кај младите Кинези кои бараат алтернатива на вообичаената траекторија на кариерата. Како што објаснува еден од сопствениците на пензионерски домови за млади:
„Откако објавив за пензионерскиот дом за млади секој ден добивам стотици пораки и барања за пријателство на Вичат, во кои сите ме прашуваат како да се вселат.“
Весникот објаснува дека заинтересираноста за тајм-аут од кариера коинцидира со подемот на новата филозофија во земјата која е против преработување и ги приоретизира само најважните работи за да се преживее.
„Додека на Западот овој животен стил доминантно го бркаат поединци со високи примања, во држави како Јужна Кореја и Кина, тој привлекува работници и кои бараат подобар баланс меѓу работата и животот, па дури и невработени младинци,“ пишува СЦМП.