Во моментов, јавноста плука по Џими Кимел и Мајкл Беј, откако се појави стар клип од Меган Фокс како на Кимел му кажува дека морала да му танцува на Беј во бикини на 15-годишна возраст.
„Само што наполнив 15 и бев статист во Бед Бојс 2,“ објаснува Фокс на Џими Кимел Лајв. „Снимаа сцена во клуб, и ме внесоа, а јас носев бикини со американско знаме, црвен каубојски шешир и штикли. Тој одобри, ама му рекоа, Мајкл, има 15 години и не можеш да ја седнеш на шанк и да држи пијалок. Решението беше да танцувам под водопад и да бидам жива вода.“
Публиката се смее, а Кимел вели, „Колку пријатно.“
„На 15 бев прва година средно. Тоа е тој микрокосмос во кој што работи мозокот на Беј,“ додава Фокс.
„Да, па добро, така на сите ни работи мозокот,“ одговара Кимел.
„А, така,“ вели саркастично Фокс.
„Само, некои од нас се доволно пристојни да ги поттиснат тие мисли и да се преправаат дека не постојат,“ додава Кимел.
Кимел сега неколку дена го спомнуваат на социјални мрежи, откако најави дека ќе престане да работи до крајот на летово. Интервјуто веќе надминува 6 милиони прегледи, а предизвика и други дискусии на Твитер, каде што се зборува колку неправедно се третираше Меган Фокс.
Во 2007-ма, на аудиција за Трансформерс, морала да му го мие Ферарито на Беј додека ја снимал. Откако играше во двата филмови, ја отпуштија затоа што го спореди Беј со Хитлер, и дека бил „кошмар за соработка“. Ова е долго пред #MeToo да биде модерно, па екипата на режисерот објави писмо на неговиот сајт (за кое се смета дека го има лично тој напишано, поради начинот на изразување) во кое што пишува дека Меган е „глупача“ и „ѓубре“ и дека супер опција би ѝ било да проба како порно глумица.
Дури сега им текна каква сељачина е Мајкл Беј.
crazy how all this happened to megan fox 10 years ago. and the only thing that came of it was megan fox being called a slut and robbed of the career she deserved. pic.twitter.com/QG5ZadDFQi
— president of mars (@mmaherks) June 21, 2020
Џона Хауер Кинг вели,
„Меган Фокс беше жртва на индустрија која ја искористи и ѝ наметна имиџ и наратив, а кога се обиде да се одбрани ја отфрлија. Медиумите беа соучесник, а јавноста само стоеше и гледаше.“
Што е одвратно и дежа ву на многу начини.
Everybody failed Megan. It makes me so angry because she always has been outspoken about it and something should have been done but now feels like she can’t and it’s all so fucked. https://t.co/3DYIYNs7WO
— Ganja Meda’s Fur (@MsMeBaby_98) June 21, 2020
Поразителната изјава на Фокс:
„Дури и со #MeToo, кога сите излегуваа со свои приказни - а можете да претпоставите дека и јас имам доста такви - не кажав ништо од повеќе причини. Со оглед на тоа како ме гледаше и јавноста и феминистите, не мислев дека ќе им личам на жртва со која може да се сочувствува. И знаев дека ако воопшто се случи светот да се согласи дека е во ред да се свртиш против жртвата, тоа ќе биде токму кога јас ќе кажам нешто.“
Во моментов, светот е согласен дека Меган Фокс заслужила многу повеќе. Сепак, правдата ќе биде задоволена кога ќе ѝ се овозможи кариера каква што заслужува. Сега за сега, стигнати сме само до „арно им текна.“