Учено се нарекува „телескопско доживување на темпоралноста“. Но без оглед на софистицираноста на употребените зборови, чувството е универзално - дека како што старееш, така не знаеш каде ти одат сите тие денови, месеци и години, кои фучат како сиви тркачки автомобили.
Ако помислите на сите класика тинејџерски филмови (средно школо, една добра, две-три лоши, најпопуларна, гик, спортист, сѐ тоа) веројатно пред очи ќе ви излезат и бои (затоа што тие филмови беа бескрајно шарени) и една боја ќе ви се повтори кај одредени ликови. „Злобните“ носат розево.
Во средното школо Норт Кантон во Охајо, мајстор поправал шкафчиња и налетал на изгубена ташна, што кратко потоа открил дека како во временска капсула го има зачувано животот на една жена во истата форма од денот кога ја изгубила.
Пред 37 години, Џој Милне, медицинска сестра од Шкотска, забележала необичен, тежок мирис кој доаѓа од нејзиниот сопруг, Лес. Ова било сигнал за еден нејзин необичен талент.
Очигледно пандемијава со корона вирусов за едни важи, за другите не. Додека за едните не важи полаѓање на државна матура затоа што било премногу ризично за ширење на епидемијава, за другиве кои што завршиле средно школо во некоја од претходните учебни години и поради одредени причини тој период не полагале државна матура, за нив тој закон не важи и мораат да полагаат сега.
Златната копачка за 1991-ва се изјасни на многу теми како Звезда, Вардар, балканска лига, потоа го искритикува Мрме, му даде совет на Јовиќ, а направи и една непотребна споредба со која го омаловажи спортот, кој испиша нова спортска историја во Македонија.
Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.
Кога Лејди Гага последен пат објави поп/диско албум, Тејлор Свифт уште беше кантри пејачка а Били Ејлиш немаше запишано средно. А кога сите мислат дека ќе направи цик, таа прави цак. Кралицата на медиумското внимание се враќа на стариот терен за да покаже дека и натаму е алфа женка. Со спот снимен на Ајфон.
Во чест на 250 години од раѓањето на Бетовен, Данскиoт гудачки квартет од 7-18 февруари во Линколн центарот во Њујорк го изведе целиот циклус негови композиции за ваков ансамбл. На крај настапиле и на бис, за да покажат дека уште им се свири.
Смртта на Коби Брајант е апсолутен шок за целиот свет на спортот, но и пошироко. Разни извори по објавата на веста, шпекулираа кој сè бил со него во хеликоптерот, а на крај стигна трагична вест.
Ако некогаш сте се запрашале кои се приказните на луѓето што се возат со автобус - што работат, што размислуваат, каде одат… Некому му текнало да ги праша. Во Њујорк ова - замислете да почнеме кај нас да прашуваме по луѓе „зошто автобус?” Или, можеби треба...
Упорноста и напорниот труд кои ги вложил во судбоносните два месеци за да докаже дека е талентиран фудбалер во јуниорите на Саутемптон го направија Окс еден од најдобрите англиски фудбалери на денешницата. Од Арсенал прејде на „Енфилд Роуд“ а го одби Челси.
На 7 септември ќе излезе нова, до сега најдетална биографија на Дејвид Боуви. На повеќе од 500 страници, таа содржи 180 интервјуа со негови пријатели, конкуренти, љубовници и соработници, од кои повеќето никогаш порано не зборувале јавно за нивната врска со Боуви.
Секој ден имаме по некој несреќен доказ дека е можно да живееш во 2017-та, при жив интернет, а да бидеш многу, многу неинформиран и глуп. Една девојка на reddit почнува еден муабет, што непријатно укажува на тоа дека дури и да си женско – можеш апсолутно врска да немаш како функционира женското тело.
Да, и ние искрено би сакале на „Градски“ во дуел за Супер Купот да пристигне Манчестер Јунајтед, гигант кој којзнае кога би го гледале во живо. Но така не мислат и децата на Ајакс Амстердам кои го преслушаа Лион и се цврсто решени да ја освојат Лига Европа.
Нејзиниот син, Дејв Грол, од Фу Фајтерс и претходно од Нирвана, сигурно ѝ дал многу поводи за гордост, но и за секирации. Можеби како некој вид терапија, жената одлучила да ги спореди своите искуства со други жени во истата ситуација. Резултатот е книга за овие „рок мајки“.
Нека не ви е криво што како мали ве учеле дека „Тито сите нè гледа“ или дека партизаните се тепале со балистите. Тоа само значи дека сте стари. Оттогаш не издржа ни Плутон, а не па Тито или историските лекции. Седум некогашни факти што веќе не се тоа.