Луѓе што немаат поим од женска анатомија

Секој ден имаме по некој несреќен доказ дека е можно да живееш во 2017-та, при жив интернет, а да бидеш многу, многу неинформиран и глуп. Една девојка на reddit почнува еден муабет, што непријатно укажува на тоа дека дури и да си женско – можеш апсолутно врска да немаш како функционира женското тело.

1.

Дека ако жената не може да роди по природен пат, докторот ќе среди бебето да излезе од аналниот отвор. Го убедував типот што го тврдеше тоа дека е невозможно, а он инсистираше дека вака родила баба му.

2,

Дека можеш да ја „задржиш“ крвта од менструацијата како што можеш да трпиш кога ти се моча. Имав еден неверојатно глуп дечко што не сакаше да застане на бензинска затоа што мислеше дека можам да „издржам“ додека да стигнеме.

(И дека жените користат само една улошка/тампон за време на добиено. Дека тампоните, улошките и слично не се потребни хигиенски производи)

3.

Работев со една жена што тврдеше дека откако ќе затрудни, нема ништо да прави со сопругот освен пушење. Зошто? Затоа што не сака да затрудни со близнаци.

4.

Дека подолги срамни усни и опуштени вагинални мускули се предизвикани од поголем број сексуални партнери, а жените во брак немаат такви промени.

5.

Првиот дечко веруваше дека кога ќе почнеш со секс со една личност, вагината се адаптира на формата на неговиот пенис, па ако му е необично нешто чувството, значи дека си го изневерила со некој друг.

6.

Пред многу години, некој многу повозрасен ми кажа дека можеш да добиеш СИДА од даска од шолја кога имаш добиено затоа што имаш „отворена рана“.

7.

Мило ми е што прашавте. Кога бев осмо одделение, едно девојче што седеше до мене, ме праша „и, добиваат девојките менструација штом ќе дојдат во Америка?“ Остатокот од разговорот го поминав објаснувајќи дека се добива во сите земји.

8.

Дека женското тело може да се затвори за време на сексуален напад и да спречи бременост.

9.

Во школо имав дечко што секогаш ме загледуваше во брадата. Ме зјапаше и почна да ми станува незгодно, па го прашав што прави. Ми призна дека не верувал дека сум девица и дека ја бара кожата под брадата што се губи откако ќе имаш секс. До ден денес не разбирам што сакаше да каже.

10.

Јас сум медицинска сестра и се имам наслушано многу глупости, особено од многу млади мајки:

„Другарка ми ми кажа дека ако се мијам со Спрајт после секс, нема да затруднам“ – 16-годишна за време на породување

„Се обидов да закажам царски рез затоа што ми е многу тесна и знам дека нема да ми помине бебето од таму. Докторот не ми дозволи.“

Девојка од 1.60 и 55 кила, која тоталноделува трудна (како да голтнала баскет), не добивала повеќе од 9 месеци, сексуално е активна, се појавува на ургентен со болки во стомакот (контракции!) со: „Не знаев дека сум трудна.“

„Нема да дојам затоа што ми е страв дека ќе ме возбудува тоа. Ерогена зона ми е.“

11.

Дечко ми мислеше дека девојките мораат да користат поголеми тампони откако ќе станат сексуално активни. Затоа и биле величините: за пред секс, за после секс и за после раѓање.

12.

Во средно имав другар што мислеше дека жените буквално несат јајце за време на добиено. Како кокошки. Имавме по 16 години и не беше заебанција.

13.

Еден лик што не знаеше што се случува со водата кога жените се бањаат или пливаат затоа што имаат вагина.

14.

Еден тип со кој што излегував во средно мислеше дека женските имаат четири дупки. Една за мочање, па вагина, па дупка за бебиња, па дупка за какање. Исто мислеше и дека тестовите за бременост ги ставаат во дупката за бебиња за да дознаат дали се трудни.

15.

На последното место каде што работев една жена што имаше над 50 години не носеше тампони затоа што не сакаше да ги менува на секое мочање. Не знаеше дека мочката не излегува од истото место. А работеше во медицина.

16.

Мајка ми ставала гипс во папокот кога се бањала додека била трудна затоа што мислела дека фетусот ќе се удави. Ирско сексуално образование од ’50-ти.

Извор 

28 јули 2017 - 13:03