Како да се снајдеш кога ќе те прашаат зошто немаш деца

„Ништо не можеше да ме припреми за инвазивноста со која се соочувам околу моите размножувачки планови, како мажена жена на 30 и кусур години“

Она што беше повремена тема на разговор пет години претходно која Мајк ми беше само дечко (сега ми е маж) се претвори во една огромна шпекулативна криза откако се земавме минатиот април.

Ја разбирам грижата. Како помали, нè учеа „Прво љубов, па брак па бебенце...“ А нема фуснота после ова што разјаснува дека „овие работи ич нема да одат по ред.“

Добронамерни роднини ме допираат за рака и ме прашуваат кога ќе започнеме семејство. Јас се нервирам! Како јас, мојот човек и нашата прекрасна мачка да не сме веќе едно комплетно семејство. Менуваат бои кога им кажувам дека планираме да бидеме без деца.

Каква штета, ќе кажат. Би била одлична мајка.

Познаниците се подиректни: Кога ќе правите дете? Никад, им кажувам, и настапува колективен шок. Се преправам дека не забележувам дека си разменуваат загрижени погледи. Дури и мојот лекар има мислење, и ми советуваше да „не се затварам“ за таа идеја.

Никогаш не бев сигурна што да кажам кога ќе ме притеснеа. После многу реакции со расправање, или луто молчење или слично, сфаќам дека не морам да реагирам така негативно. Па така, кога сакам да си ги зачувам пријателствата (а и докторот), земам воздух и се обидувам да мислам на следните пет работи:

Не биди дефанзивна

Повеќето мои пријатели – сите живеат во урбана средина – немаат биолошки деца. Всушност, ретко и дискутираме за причините зошто сме избрале да живееме без деца.

Претпоставувам дека кај нив е од слични причини на моите, а се движат од обични до сериозни: ни се допаѓа флексибилниот животен стил, децата бараат време и пари, трошоците те ограничуваат, а сите сме загрижени за иднината. Зошто да го правиме тоа, кога толку многу аспекти од родителството се ризични?

Имам среќа што сум опкружена со жени толку слични на мене во размислување. Да живеев уште каде што се родив, едно мало предградие надвор од Албени, не знам дали ќе ја имав истата поддршка. Се отселив некаде пред средно школо и не сум се вратила од тогаш. Едно скролање на Фејсбук кај другарчињата од детство со нивните деца ми кажува колкав всушност ќе беше притисокот.

Но кога непознати ќе ме прашаат што планирам, делува како да прашуваат всушност каква личност сум јас.

Си бара напор да не се изнервирам веднаш. После неколку длабоки вдишувања, ги чешлам вообичаените одговори одмерено: Да, сакам деца но не чувствувам итна потреба да имам свои. Не, не е затоа што сум себична глупача.

Потоа културно кажувам дека со сопругот носиме одлуки врз основа на тоа што е добро за нас како двојка. Не елаборирам повеќе, освен ако не сакам.

Тоа што ти немаш деца се коси со погледот на светот на некои луѓе

Кога луѓето се уште поупорни, делува како да е доведена до прашање нивната смисла за ред. По некогаш, тоа може да значи и непријатна (непријателска) ситуација.

Многу луѓе сметаат дека да се имаат деца откако ќе направиш свадба е природна прогресија на животот. Знаат и мојата одлука да немам деца да ја сфатат како директен напад, како да ги критикувам нивните одлуки.

Не само што е напорно да се правдам пред луѓе што никој не ги прашува, туку и самите луѓе ретко се радуваат на мојата одлука, освен кога и самите решаваат да немаат деца.

„Понекогаш, човек треба да не се доведува во ситуации каде што може да дојде до ова,“ вели Д-р Морин Кели, директор на Society Hill Reproductive Medicine. „Многу пациенти ми кажувале дека избегнуваат одредени семејни собири, затоа што се сигурни дека ќе надјодат страшните прашања.“

Трендовите се менуваат

Ме теши што знам сè повеќе жени што го бираат мојот пат.

Според последните податоци на Националниот центар за здравствена статистика, стапката на плодност во Америка е падната на 62 раѓања на 1000 жени на возраст од 15 до 44. Во општество кое нуди малку помош за мајките (и сериозни економски давачки), жените се почесто се одлучуваат да родат во подоцните 30-ти или воопшто да не родат.

А бидејќи јас повеќе зборувам од маж ми, кој нема многу намера да се објаснува, да си кажам, оваа одлука ја донесовме заедно.

Плодноста е осетлива тема, за сите

„Луѓето не смеат да ги прашуваат жените за нивните планови за деца,“ вели Д-р Кели. „Ова важи за мајки, сестри, блиски пријатели, познаници или други роднини. Се работи за многу интимна тема и не смее да се почнува, освен ако некој не сака сам да си каже.“

Почитувај го избраниот пат

Понекогаш, размислувам за некоја друга верзија од мене, која со деца живее во паралелен универзум. Се расправа со ручеци и домашни, организира распоред за спиење и пушта Моана по сто пати на ден.

Ја замислувам оваа жена и како тивко размислува каков би и бил животот доколку би немала деца.

Би  ѝ рекла дека, колку и да е исполнета што е родител – и јас сум презадоволна од патеката што сум ја избрала. Без деца.

Ана Голдфарб

14 август 2017 - 10:27