Новиот тренд за шминка е Нина Парк

Ако сте виделе природен изглед, на кафеаво, без бои, без остри линии, а сите се некако поубави, како набоцкани - а не се - тоа е Нина Парк.

Нина Парк не е инфлуенсерка (иако влијае) - туку е референтна точка и стил кој се претвори во нова „face formula“ за млади ѕвезди и бјути креатори. Зборовите Nina Parks Makeup, дали слободни или во хаштаг, циркулираат низ ТикТок, Инстаграм и Јутјуб како еден вид унифициран визуелен код: беспрекорна кожа со мека сатенска текстура, суптилен „лифтинг“ со помош на контурирање, прецизно нагласени јаболчници и усни што изгледаат природно зголемени преку техника, а не интервенција. Резултатот е лице кое изгледа структурирано, симетрично и фотогенично од секој агол.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nina Park (@ninapark)

Токму затоа овој стил се смета за „новото лице“ во интернет естетиката. И фала богу, затоа што правецот е кон природно, а не вештачко. Сè повеќе млади познати личности и инфлуенсери го прифаќаат овој пристап затоа што нуди нешто што претходно беше резервирано за естетска медицина: визуелно подобрување на цртите, без игли, филери или хируршки интервенции и во таа смисла, шминката станува своевидна алтернатива на филтрите и естетските процедури - барем во начинот на кој изгледот се перципира на екран.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nina Park (@ninapark)

Клучот е во техниката: „lifting blush“ што визуелно го крева лицето, контурирање што создава нова структура на вилицата, и усни кои се прецизно дефинирани за да изгледаат полни, но не вештачки. Овој пристап не крие лица, туку ги редизајнира.

За самата Нина Парк, јавно достапните информации се релативно ограничени, што дополнително придонесува за мистиката околу нејзиното име. Наместо класична биографија и медиумска изложеност, нејзиното влијание главно се шири преку реплики, туторијали и интерпретации на нејзиниот стил од страна на други креатори. Затоа и повеќе функционира како естетски код отколку како традиционална јавна личност.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nina Park (@ninapark)

Интересно е што токму оваа „анонимна“ експанзија ја прави уште повлијателна. Колку повеќе нејзиниот стил се копира и адаптира, толку повеќе станува стандард. Поради тоа и не е само тренд, туку нова визуелна норма и асоцијација за лице што изгледа подобрено, но сè уште доволно природно за да се смета за реално.

7 април 2026 - 10:12