Имам 47 години, сингл сум и немам деца. Кој ќе ме чува кога ќе остарам?

Писателката Ејми Кеј има 47 години, сингл е и нема деца. Со оглед на фактот што сѐ повеќе жени избираат таков живот, има едно прашање што општеството упорно им го фрла во лице: Кој ќе те чува кога ќе остареш?

Прво, признајте дека кога го прочитавте насловот, без разлика на фотографијата, не ви ни падна на памет дека изјавата може да дојде од маж. Знаете зошто? Затоа што мажите никогаш не сме ги напаѓале кога избрале да живеат така.

„Прашањето е тешко затоа што таа можност е често подтекст на разговори што низ годините сум ги имала со луѓе што се во врски,“ вели Ејми Кеј во нејзиниот текст за Stylist.co.uk. „Ме прашуваат дали имам некој, дали сум на апликации, ми кажуваат приказни за некои нивни пријатели што конечно, после години нашле љубов. Дали сум размислила за посвојување, дали сум помислила да одам на некој курс да запознаам нови луѓе... Да не сум можеби малку пребирлива?“

Луѓето ги проектираат сопствените стравови околу останувањето сами. И без разлика што Кеј се труди да ги победи, понекогаш ја оставаат без сон како комарци во спарна вечер. Многу жени како неа во моментов уживаат во животот, но што кога ќе остарат? Дали слободите што ги имаат сега ќе им станат недостапни тогаш? Ќе завршат ли збунети и сами, без да има кој да се бори за нив? Кој ќе ги чува кога се стари и немоќни?

Ваквите грди прашања што вријат од несигурност и страв ќе прекинат само кога ќе го направиме стареењето помалку страшно - нешто што треба да се истражи со љубопитност и надеж.

Нешто што нема да служи како првиот аргумент на досадниот дел од општеството кога ќе види луѓе што избрале поинакви слободи.

Целиот текст е тука.

1 април 2026 - 00:00