Видео студија:

Зошто „злобните девојки“ носат розево?

Ако помислите на сите класика тинејџерски филмови (средно школо, една добра, две-три лоши, најпопуларна, гик, спортист, сѐ тоа) веројатно пред очи ќе ви излезат и бои (затоа што тие филмови беа бескрајно шарени) и една боја ќе ви се повтори кај одредени ликови. „Злобните“ носат розево.

Зошто е тоа така? Зошто всушност и за девојките што вака се облекуваат постои стереотип дека се глупи, лоши или вообразени, кога е јасно дека постојат и такви што не се, како на пример Ел Вудс од „Легално русокоса“?

On wednesdays, we wear pink.

Многу розево се провејува во „Злобни девојки“, филм што ако не сте го гледале затоа што се сметате за озбилни луѓе - треба да го гледате, заради култниот статус, хуморот и сценариото на битен СНЛ алумни - Тина Феј. 

Авторката на видео-есејот тука се вика Мишел и работи како графички дизајнер, моден илустратор и стилист. Каналот на Јутјуб се вика Clever & Chic, затоа што, по стотти пат, може да се биде умен и модно освестен, а таа испитува разни современи теми вклучувајќи притоа коментар на сите нивни нивоа, гледано од историски, моден, научен, социолошки и психолошки аспект. Користените материјали за дополнително дообразување ѝ се под секое видео.

За радување кога ќе видиш дека постојат луѓе што ги расчленуваат и работите што се навидум површни, а всушност зад нив се крие цела една филозофија.

На крај, интересно е како истите карактеристики на филм - еден машки лик го прават амбициозен и харизматичен, а женскиот, нели, отсекогаш, и се надеваме не засекогаш - bitch. Но, тоа е сосема друга тема за која светот последен пат се раздрма до јадро со ова видео, плус имавме - Во одбрана на перфекционизмот.

Кај е главната грешка во нездравото внимание посветено на (розевата) гардероба на злобните девојки?

Дека го промовира ставот дека само убава жена може да биде успешна, а се заборава дека една жена може да биде - и двете.

7 август 2020 - 09:03