Перфекционизмот се дефинира како тенденција за беспрекорност, со екстремна критичност кога таа беспрекорност не се постигнува.
Вака од прилика може да се дефинира и ликот на Миранда Присли, фиктивната варијација на Ана Винтур, уредник на Ранвеј, фиктивната варијација на Вог.
Патем, овде Мерил Стрип и Ана Винтур се сретнаа и беше многу возбудливо за сите нас.
Се поставува прашањето, дали можеш успешно да се движиш низ животот како перфекционист, а истовремено и колку тоа ќе ти се исплати?
Во филмот, Миранда Присли води прилично организиран брод. Уште пред да ја видиме, луѓето избезумено средуваат зад себе, облекуваат штикли, се дошминкуваат и го расчистуваат просторот околу нив. Ако го изземеш фактот дека тоа го прават од страв, дали би можело да се каже дека Миранда Присли со својот перфекционизам ги тера да функционираат подобро?
Малку личи муабетов како да се прашуваш дали е „толку страшно што Германија беше топ средена во '40-ти”, ама овде никој не гине (бар не со умирање), па од таму и дискусијата.
(Добро, сите бевме пред умирање на сцената со плавиот џемпер, ако сме реални.)
Постојат три различни типови на перфекционизам:
- Кон себе (кога имаме високи стандарди и очекувања за себе и сме критични кога не ги постигнуваме)
- Социјално наметнат (кога се стремиме кон совршенство заради одобрување од другите)
- Ориентиран кон други (кога очекуваме од другите да бидат совршени и се разочаруваме кога не се).
Миранда Присли е школски пример за третата варијанта.
Како да го браниш тоа?
Тие што го гледале филмот (значи сите) ќе мораат да ги признаат позитивните ефекти.