Всушност се работи за интервју - Ана Винтур ја прашува Мерил Стрип за новиот филм, режиран од Спилберг, со наслов „The Post”, за починатата уредничка на Вашингтон Пост и долгогодишна пријателка и менторка на Винтур – Кеј Греам. Во случај да не ви е познато, ќе ве интересира дека се работи за личност пред која што трема имала и самата Винтур, а да не забораваме како (верно) беше претставена како - ѓавол во Прада.
Се спомнува и Вајнстин, и променливата холивудска клима и злоупотребата на работно место, и како одговор на прашањето на Винтур дали скандалот ќе ѝ помогне или ќе ја повреди феминистичката агенда, Стрип одговара:
„Мислам дека е апсолутно неверојатно. Оваа врата нема така лесно да се затвори. Влезени сме со една нога и ќе биде многу тешко луѓето да продолжат со истиот начин на живот како порано. Нели, „Ајде де, машки муабети. Ајде де, мажите се такви.” Не може така. Цивилизирани луѓе сме и учиме од сопствените грешки.”
Еве го интервјуто: