
Во студијата на Кантон Вајнер, социолог од Универзитетот на Северна Каролина, САД - интервјуирале 30 асексуални лица, односно, луѓе кои доживуваат мала или никаква сексуална привлечност. Дел од нив изјавиле дека не чувствуваат потреба да го дефинираат својот род.
„Мојот род е ‘ништо’“, објаснува една од испитаничките, нагласувајќи дека другите можат да ја гледаат како жена, но за неа, просторот каде што „треба“ да постои род е празен.
Други го опишале својот род како „празен плац“.
„Можеби некогаш тука имало зграда, но таа одамна се срушила, и нема потреба да се гради повторно. Просторот е подобар ако остане празен“, вели друга испитаничка.
Овој концепт се нарекува „родова оддалеченост“ и го опишува чувството дека родот е неважен или непотребен за разбирање на сопствениот идентитет.
Важно е да се напомене дека ова не е исто што и да се биде ародово или небинарно лице. Многумина прават разлика: ародов и небинарен се термини кои сè уште работат внатре во рамките на родот, додека родовата оддалеченост се однесува на целосно одбивање на родовата категоризација.
Социолозите се согласуваат дека родот е социјална конструкција, создадена и обликувана од културни норми, а не од биологија. Западните општества генерално претпоставуваат дека секој има и треба да има родов идентитет. Луѓето кои ја доживуваат родовата оддалеченост го оспоруваат токму ова - покажувајќи дека системот на родови категории е концепт базиран на културни норми, а не на емпириска реалност. Ова се нарекува „принуден род“.
Родовата оддалеченост претставува начин на отпор кон принудниот систем на родови категории. Како што асексуалните лица го преиспитуваат универзалниот концепт на сексуалноста - според нив, принудната сексуалност - така и прашањето за родот станува предмет на критика.