Со членот 3-а, ставот 3 од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за средно обрзование за време на вонредна состојба, донесена на седница на Владата на Р.С.Македонија на 05.05.2020 година, предвидено е “Учениците кои во претходните години положиле испити од училишна матрура или завршни испити со четиригодишно траење и се пријавиле за полагање на испитите за државна матура во учебната 2019/2020 година, за истите се организира полагање на испитите за државната матура”.
Со оваа Уредба, учениците кои положиле училишна матура во претходните години (како што е случајот на мојата ќерка), преку организирање на полагање на државна матура, се ставаат во понеповолна положба наспрема учениците кои завршуваат школување во учебната 2019/2020 година, и тоа во време на ВОНРЕДНА СОСТОЈБА.
На овој начин се врши дискриминација на оваа група на ученици од причина што за нив не важат сите околности и причини поради кои беше одлучено оваа година ДА НЕ СЕ ПОЛАГА ДРЖАВНА МАТУРА.
Мојата ќерка заврши средно образование во учебната 2015 година во СОУ Кочо Рацин, каде положи училишна матура која според тогаш важечкиот Закон беше доволна за упис на Факултет. Одлуката да полага училишна а не државна матура беше резултат на нејзината здравствена состојба, (тој период таа имаше неколку операции кои ја оневозможуваа да посветат поголемо внимание на нејзиното образование).
Во 2016 година со положена училишна матура се запиша на Филозофски факултет - Социјална работа и социјална политика, но со оглед на тоа што е лице со посебни потреби, наидуваше на бариери и неможност да посетува редовна настава, поради што се отпиша.
Дознавме дека во Европскиот Универзитет тие архитектонски бариери ќе ги нема затоа што зградата има рампа, лифт кој што ќе и овозможи непречено да се движи, а во разговор со Управата ни беше кажано и дека ќе ја адаптираат програмата согласно нејзините потреби и можности, ќе ѝ се обезбеди асистент кој ќе ѝ помага. Аплицираше за добивање на стипендија која официјално и ја
доделија на 26 септември 2019, за студии Графички дизајн. Согласно измените на Законот за високо образование од мај 2018, како дополнителен услов за упис беше предвидена положена државна матура.
Поради наведената причина, мојата ќерка повторно се запиша во средното училиште Кочо Рацин за да полага државна матура со генерацијата 2019/2020 година. Претходно се обративме до Државен просветен инспекторат Министерство за образование и наука, Сектор за високо образование, со барање да не важи за неа реторактивно условот да има положено државна матура за упис на факултет, но ни беше одговорено дека ЗАКОНОТ ВАЖИ ПОДЕДНАКВО ЗА
СИТЕ.
Потоа, остварив разговори со професорите за предметите што ќе ги дополага, за материјалите, најдовме професор што ќе работи англиски со неа, и сè беше во ред додека не настапи вонредната состојба предизвикана од пандемијата Ковид 19. Сè до донесување на уредбата од 05.05.2020 година, власта јавно говереше дека нема да се одржи полагање на државната матура поради немање услови за подготвување на испитите, за сите, освен за категоријата во која спаѓа и
мојата ќерка, за која ќе се организира полагање државна матура.
Поради сето наведено, побарав од Владата да го укине членот 3- а, став 3 од Уредбата, а пред сè поради:
- На оваа група на ученици им е ускратено правото и можноста да посетуваат часови за подготовка што ги организират училиштата пред матурата;
-Ускратена е можноста за посетување на приватни часови што ги посетував
предходно;
- Оваа група на ученици ќе биде изложена на дополнителен здравствен ризик, при состојба кога е одлучено училиштата да не се отвораат за настава;
Имајќи ги предвид сите овие околности Ве молам да го актуелизирате овој случај и прашање преку вашиот медиум (или Институција), да допре нашиот глас до власта, со цел повторно да не се застане на патот на еден млад човек кој е желен за наобразба и покрај својата здравствена состојба, да ја доведе мојата ќерка во ситуација да не може да се спреми за испитите доволно добро во овој краток временски период што им е оставен.
Љубинка Рубиева, Скопје,
мајка на лице со посебни потреби