Еден од оние кои го обожавале Коби бил и малиот Џоел од Камерун кој како мал кога го гледал Брајант на телевизија, решил дека сака да игра баскет а не одбојка. И еден ден да игра против Коби.
Ембиид на 15-годишна возраст првпат заиграл кошарка. Неговиот талент го приметиле во кошаркарскиот камп на Лук Мба а Муте кој во 2008-ма стана еден од првите Камерунци кои заиграле во НБА: настапуваше за Милвоки, Сакраменто, Минесота, Филаделфија, Хјустон и ЛА Клиперс.
Ембиид во Америка се преселил на 16 години и почнал да гради кариера.
Man I don’t even know where to start😭😭 I started playing ball because of KOBE after watching the 2010 finals. I had never watched ball before that and that finals was the turning point of my life. I WANTED TO BE LIKE KOBE. I’m so FREAKING SAD right now!!!!
— Joel Embiid (@JoelEmbiid) January 26, 2020
RIP LEGEND
Тој мал денес е голема ѕвезда во НБА - Џоел Ембиид, лидерот на Филаделфија ’76. За жал не стигнал да игра против Брајант затоа што Коби ја завшри кариерата во 2016-та, а Филаделфија го чуваше повредениот центар од Камерун и цели две години не го пушташе на паркет, до почетокот на сезоната 2016/2017.
Камерунецот сезонава ги пропуштил последните 9 меча за Фила, но се врати на паркетот опоравен. И заигра со друг број на дресот - наместо неговиот број 21, снажниот центар играше со 24-та, во чест на Коби (така постапил и поранешниот соиграч на Брајант, а сега играч на Кливленд, Лери Ненс).
24-та е тргната од употреба во Сиксерс во чест на членот на Куќата на славните Боб Џонс, но Џоел му се јавил на легендарниот кошаркар и побарал од него да му дозволи. Боби, кој важи за еден од најголемите џентлмени во историјата на НБА, секако му дозволил.
Филаделфија и НБА лигата исто така му дозволиле да му оддаде почит на својот идол од детството.
Друг играч на Филаделфија, Заир Смит решил својата 8-ка да ја смени за број 7 на дресот во знак на почит кон трагично загинатиот Брајант. Неколку играчи го следеа овој примел и ги дадоа своите 8-ки и 24-ки (Мо Харклес од Клиперс, Спенсер Динуиди од Бруклин, Теренс Рос од Орландо).
Кошаркарите на Филаделфија синоќа излегоа на паркет во дресови со овие два броја и одржаа 1-минутен молк во сеќавање на Коби.
А Џоел Ембиид постигнал точно 24 поени од кои еден му беше по отсвртувањето по кое беше познат Брајант:
Joel Embiid wore No. 24 for Kobe tonight and scored 24 points.
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 29, 2020
On the Mamba's patented fadeaway to hit 24 points, Embiid says he yelled "Kobe!" pic.twitter.com/d3ttEbB9YU
Инаку Филаделфија е родниот град на Брајант. Тој таму играл за тимот од средното школо Лоуер Мерион пред да премине во НБА директно од средно а не преку колеџ. Поради ова Сиксерс оддадоа почит на Коби. За време на 1-минутниот молк тие на паркетот го изнесоа дресот на Коби од Лоуер Мерион со број 33 кој го носел во средното школо.
На крајот Сиксерс ги совладаа Вориорс со резултат 115:104.