Лаги што може ќе ви се најдат

Компилација од твитер-сведоштва на луѓе што со лажење успеале да си најдат раат.

1. Во 9-то одделение, бев страшно неспремен (ме мрзеше) да напишам домашно по историја, па предадов жолта папка со домашно по друг предмет. Цел викенд го поминав на домашното по историја и го однесов во понеделник, во друга жолта папка, притоа темелно извинувајќи се за „помешувањето“.

2. Во 5-то одделение, не сакав да правам проект за Американската револуција, па не го ни направив. Кога наставничката ги враќаше проектите кај учениците, ѝ реков дека мојот не ми го дала. Рече дека ѝ текнува дека го прочитала и ми даде 90 бода.

3. Еден од моите професори по право беше тешка пијандура и еднаш сакаше да ме испраша, додека беше видливо пијан. Зјапав во него цела минута и на крај кимнав со глава и реков „И толку.“ Тој мислеше дека сум одговорил и рече „да, одлично“, и продолжи понатаму.

4. На мајка ми ѝ кажав дека Џорџ Мајкл пее религиозни песни за да ме однесе на концерт. Фино беше додека траеше Faith, ама го јадев кога почна шоу со ласери за I Want Your Sex.

5. Другар од колеџ имаше несреќа и доби амнезија (најстварно!) и една девојка со која се имаше смувано еднаш(!) се појави во болница и му кажа дека биле во сериозна врска и сега се во брак. Често мислам на ова.

6. Откако избегал од Европа за време на Холокаустот, каде што му умрела речиси цела фамилија, дедо ми се вработил како банкар во Њујорк, лажејќи дека имал и диплома, ама му се изгубила во војната. До крај на живот беше успешен банкар.

7. „Несакајќи“ на бившиот му пратив „одговор“ на порака од „друг дечко“, што не постоеше. Ама, ми успеа, во брак сме 12 години и не мора да знае за лагата што му го спаси животот.

8. Почнував во ново средно школо и уште немав униформа, па татко ми напиша порака со оправдание. Јас ја препишав со мој ракопис, од школо се јавија кај него да ја проверат, тој потврди и ми влезе во досие за превенција од фалсификат. Со години кога нешто не ми се правеше, сам си се оправдував.

9. Директорот кај мене во средно ми даде клуч од „остава“ за да го однесам кај еден наставник. Воопшто не му беше сеедно, а наводно беше само остава. Отидов и направив копија и излезе дека сум во право - имав мој мастер-клуч за цело школо.

10. Понекогаш резервирам за двајца и се правам дека ме извисиле. Обично ќарувам бесплатна чаша вино.

извор

15 јуни 2020 - 15:16