Џиџи знае што ќе прави уште една година, ќе го чува голот на Јувентус, но знае што ќе прави и понатаму.
„Кога ќе завршам со фудбал, ќе земам одмор. Сакам да посветам време на себе и на семејството. Сакам и да завршам петта година во школо, родителите 30 години мозокот ми го уморија со тоа“, рекол Џиџи Буфон на видео во живо на Инстаграм, во разговор со поранешниот одбојкар Џек Синтини.
ЏИЏИ ИМАЛ ПРОБЛЕМ СО ОБРАЗОВАНИЕТО, МУ ОТКРИЛЕ ФАЛСИФИКАТ ДИПЛОМА
Најдобриот италијански голман на сите времиња имал тежок однос со образованието. Не добил диплома по крајот на школувањето зошто не го довршил поради обврските со фудбалот. Буфон признава дека жали и дека му е криво. Најмногу од се се срамел пред родителите.
Џиџи е роден во спортско семејство, татко му бил кревач на тегови, а мајка му фрлала диск во далечина. Но и двата родители подоцна работеле како наставници во училиште.
Во 2000-та Буфон за малку не завршил во затвор поради фалсификувана диплома. Во Италија тогаш се кренала голема врева.
Џиџи три години претходно, во 1997-ма тргнал да се запишува вонредно на правниот факултет на Универзитетот во Парма каде приложил диплома за уредно завршено средно образование.
Тој документ наводно го извадил во Истражувачкиот центар Антонио Маниери, но по детален преглед се испоставиле дека на овој Институт никогаш не учел Буфон. Просветните институции го дале на суд играчот, Џиџи дури можел да добие затворска казна но се договорил да плати парична казна од 6 милиони лири.
Подоцна неколку пати признал дека му е срам за таа историја. Сега е спремен чесно да го доврши школувањето но прво да заврши со фудбалот.
„Внатре во мене уште гори оган. Ќе продолжам да играм зошто се чувствувам добро. Секогаш сакам да помогнам. За последните 12 години кариера малку им се насладував на победите многу ги мислев поразите. Тоа е нормално кога си навикнат да победуваш. Во таа смисла победите немаат големо влијание на мене, но разочарувањата од поразите остнауваат. Мора да пробам да се помирам со тоа инаку ризикувам никогаш да не заминам од фудбалот“, рекол Џиџоне.
Инаку Буфон во сабота во големото градско дерби со Торино најверојатно ќе постави нов рекорд: 648 настапи во Серија А. Тој во меѓувреме се израмни со досега апсолутниот рекорд Паоло Малдини кој го држеше рекордот со најмногу настапи во една европска лига.
Апропо насловот: