Освен Коби (41) и ќерка му Џана (13), загинале другарката и соиграч на Џана, Алиса Алтобели (13), татко ѝ Џон Алтобели (56), мајка ѝ Кери Алтобели, Кристина Маузер (38), кошаркарски тренер од Харбор Деј Скул школото каде учела Џиџи, Пејтон Честер (13), ученик, Сара Честер (45), мајка на Пејтон и пилотот Ара Зобајан.
АЛИСА АЛТОБЕЛИ И НЕЈЗИНИТЕ РОДИТЕЛИ
56-годишниот Џон Алтобели бил тренер на бејзбол тимот во калифорнискиот колеџ Оринџ Кост. Тој се зближил со Коби благодарение на нивните ќерки кои заедно тренирале кошарка во иста екипа.
Џон бил среќен што ќерка му Алиса игра во академијата на Коби и не ги пропуштал нејзините тренинзи. Брајант ставал видеа од нив на инстаграм.
„Џон се изразуваже во бејзбол термини, викаше: “Замисли Дерек Џитер (играч со 20 сезони во МЛБ) да го тренира син ти бејзбол? Ти би пропуштил ли еден негов тренинг или би одел на секој?“, се сеќава помошникот и пријател на Алтобели, Нејт Џонсон.
До отворањето на новата бејзбол сезона имало уште два дена, но тренерот не можел да пропушти како ќерка му игра на кошаркарски турнир. За да ги избегнат гужвите, Џон и жена му Кери решиле да тргнат со хеликоптер заедно со Коби Брајант.
„Тешко е да се најдат зборови што значи оваа загуба за колеџот. Џон беше одличен тренер и уште подобар другар. Освен тоа важеше за прав наставник за сите ученици и спортисти кои ги учеше и тренираше. Со нив беше како семејство. Неговото влијание ќе живее вечно“, вели Џејсон Келер, тренер по атлетика на Ораиџ Кост.
Алтобели се спремал да ја почне 28-та сезона со колеџ тимот. Тој во кариерат акако тренер освоил 4 титули државен шампион и 8 пати стигнал до финалето. Минатата година Американската асоцијација на бејзбол тренери (ABCA) го прогласила за тренер на годината.
Пред финалето во 2018, Алтобели го поканил и Коби да одржи говор пред екипата. Дечките биле воодушевени.
Џон и Кери Алтобели освен ќерката Алиса, ги имале и синот Џеј Џеј и ќерката Лекси која уште одат во средно школо. Џеј порано исто играл бејзбол а сега работи како скаут во клубот Бостон Ред Сокс.
The 2 in the middle lost their mom, dad, and sister today.
— Carlos Whittaker (@loswhit) January 27, 2020
I’m sick for them. Literally nauseous. May they be surrounded 24/7 by the supernatural peace only absolve at a time like this. RIP John Altobelli, Alyssa, and Keri pic.twitter.com/CST4xPDoEA
УШТЕ ЕДНА ДРУГАРКА НА ЏАНА И МАЈКА Ѝ
13-годишната Пејтон Честер и нејзината мајка Сара (45) исто се меѓу жртвите од хеликоптерската несреќа. Сара Честер зад себе оставила сопруг и двајца синови. Братот на Сара е фудбалскиот тренер Енди Џорџ кој не можел да поверува што се случило:
„Не тажни, туку срцето ни е убиено. Секогаш бевме заедно, многу бевме блиски. Таа беше се за своето семејство, за нашето семејство. Кога ми требаше, таа беше човекот кај кого одев по совет“, вели Енди.
Тој додал и дека внука му многу сакала кошарка:
„Баскетот беше голем дел од нејзиниот живот. Тој (Брајант) секогаш беше со нив. Пејтон сакаше да игра во средно школо па и на колеџ. Тешко е да поверувам дека ги нема. Таа имаше најслатка душа, беше најдобро и најнежно нешто што сум го сретнал. Секогаш насмеана“.
„Кога луѓето ја оплакуваат смртта на Коби Брајант, би сакал на минутка да споменам и на две големи души кои беа со нив, Сара и Пејтон Честер. Жалам длабоко за загубата на две важни лица. Нивното влијание е исто така значајно така што загубата многу ги погоди нашите срца“, напишал директорот на школото во кое учела Пејтон, Тод Шмидт.
ПИЛОТ СО 20-ГОДИШНО ИСКУСТВО И ЖЕНСКИ КОШАРКАРСКИ ТРЕНЕР КОЈА ЗАД СЕБЕ ОСТАВИ МАЖ И ТРИ ДЕЦА
Во хеликоптерот летала и 38-годишната Кристина Маузер, кошаркарски тренер во школото каде учела Џана. Коби Брајант и понудил да работи како помошник тренер во неговата „Мамба Академија“. Кристина зад себе оставила две ќерки (3 и 11 години) и син (9 години).
„Ужас. Имам три мали деца, не знам како ќе се ориентирам во животот со три деца без мајка. Ќе плачат за неа“, рекол Мет Маузер, мажот на Кристина, тапанар на групата Tijuana Dogs.
„Гледавме телевизија и видовме колку луѓе минуваат низ траума. Ќерката кажа дека и било пријатно што сите тагуваат заедно со нас. Знам дека звучи чудно, но тоа ни помага“.
ПИЛОТОТ
Ара Зобајан важел за пилот со 2-годишно искуство. Тој влегол во авијацијата по возбудлив лет над Големиот Кањон. Од тогаш летал во Калифорнија каде држел и часови како инструктор. Кајли Џенер раскажала во сторис дека го знаела Ара Зобајан:
„Уште не ми се верува. Тоа беше хеликоптер во кој од време на време летав со пилотот Ара. Тој беше толку добар човек“.