Иако Варди од Лестер минатиот викенд му го израмни неверојатниот рекорд со 10 голови по ред во Премиер лигата, Холанѓанецот Руд Ван Нистелрој изјави дека му е мило затоа што рекордите се тука за да се рушат. Како самиот Руд решеташе во Манчестер Јунајтед?
Како мал Крис Смолинг редовно одел со мајка му на Хајбери да го гледа идолот Тони Адамс, а неговиот сега покоен татко мечтаел син му да заигра на Олд Трафорд.
Второто коло од Бизнис лигата на Македонија со победи го одбележаа ФАКОМ против АрцелорМиттал и Халкбанк против ЕВН. Алкалоид и Македонски Телеком ги поделија бодовите.
Се што имате од обврски и планови за викендов направете ги во сабота, бидејќи ден потоа следува можеби најфудбалски ден во годината во кој имаме за уживање две дербија во Англија и по едно во Шпанија, Италија, Германија, Франција и Холандија.
Диего Симеоне првпат загуби натпревар во Лигата на шампионите на домашен терен. Манчестер Јунајтед го совлада тврдиот Волфсбург, а победи славеа уште и ПСЖ, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити.
Во понеделник (05.10.2015) во 19 часот во малата сала на СЦ „Борис Трајковски" официјално започнува новата сезона на Телеком Бизнис Лигата на Македонија. По шести пат кај нас, Бизнис Лигата на Македонија ќе биде место каде ќе се соберат вработените од најуспешните компании во земјава за да да си ги одмерат силите во мал фудбал.
Поразите на Арсенал и Челси синоќа во Лигата на шампионите беа уште еден срам за англиската елита која на шест натпревари во Европа доживеа пет порази и не го оправда епитот најсилна лига на континентот.
Два незаборавни моменти кои се имаат случено на денешен ден, а се од поновата историја на англискиот фудбал не се испуштање. Првиот е највисокиот резултатот во историјата на Премиер лигата кој се случи на средбата Портсмут - Ридинг и пресвртот на Манчестер Јунајтед против Тотенхем по негатива од 0:3.