Македонски Телеком поснаодлив во дуелот со МЕПСО

Во вториот ден од шестото коло во Бизнис лигата на Македонија, ЕЛЕМ убедливо го совлада ТРАНСМЕТ, а ФАКОМ и ЈСП си ги поделија бодовите.

ФАКОМ и ЈСП со слаба реализација до реми

ФАКОМ 3-3 (2-3) ЈСП
ФАКОМ: Бојан Симоновиќ 15’, Бобан Китановски 17’, Шенол Аџировски 22’
ЈСП: Марјан Србиновски 2’, Томи Петковски 5’, Љупчо Павловиќ 11’

Екипата на ЈСП одлично го отвори овој натпревар играјќи смирено во нападот, што резултираше со плод, па дојде до водство од 0-3. Но екипата на ФАКОМ направи промена во својата игра со внесување на голман-играч, со што успеа да фати резултатски приклучок и намали на 2-3 на полувремето. На самиот старт од второто полувреме ФАКОМ со погодок израмни на 3-3 со што се влезе во егал натпревар. Се до крајот на натпреварот и двете екипи играа со голман-играч, што им овозможи да имаат 100% шанси за гол, кои не можеа да ги искористат, па на крајот овој натпревар заврши со израмнет резултат од 3-3.

ЕЛЕМ убедлив во дуелот со ТРАНСМЕТ

ЕЛЕМ 8-3 (2-0) ТРАНСМЕТ
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 13’, 29’, 29’, 36’, Димче Димитријески 20’, 30’, Слободан Влајкоски 27’, 40’
ТРАНСМЕТ: Бобан Велјановски 24’, Един Скендеровиќ 34’, Амер Скендеровиќ 38’

Екипата на ЕЛЕМ во дуелот со ТРАНСМЕТ влезе максимално мотивирано уште на самиот старт од натпреварот, играјќи доста дисциплинирано. Кај ТРАНСМЕТ пак, беше воочлива лошата поврзаност во делот на нападот, каде што немаше доволен проток на топка, па не можеа да ја играат својата препознатлива игра. ЕЛЕМ ја искористи својата јака страна – долгиот ростер на клупата, што му овозможи со чести измени да држи висок интензитет на игра. Во ваквата игра ТРАНСМЕТ не можеше да се снајде, па го загуби овој натпревар со 8-3.

Македонски Телеком поснаодлив во дуелот со МЕПСО

МЕПСО 4-6 (3-4) Македонски Телеком
МЕПСО: Виктор Петровски 3’, Зоран Деспотовски 19’, Далибор Христов 20’, Кристијан Михајловски 24’
Македонски Телеком: Влатко Манев 6’, 8’, 40’, Душко Симоноски 7’, 13’, 22’

Натпреварот помеѓу МЕПСО и Македонски Телеком го отвори МЕПСО уште во раната фаза, постигнувајќи погодок уште во 3’. Но, Македонски Телеком успеа да ги искористи сите погрешни додавања на МЕПСО и да ги претвори во гол, па така дојде до предност од 1-4, за да во самиот финиш од првото полувреме МЕПСО повторно се врати во натпреварот по излегувањето на Петре Велигденов имаше пад во одбраната на Македонски Телеком, па МЕПСО постигна 2 гола, намалувајќи на 3-4, како што впрочем и се отиде на полувремето. Во второто полувреме видовме вистинска драма. И двете екипи останаа со играч помалку, Македонски Телеком предноста од играч повеќе успеа да ја претвори во гол, па го доби овој натпревар со 4-6.

10 ноември 2015 - 10:43