Систина со цврста одбрана до победа над ТРАНСМЕТ

Во третиот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија УНИКА со 12 голови го наполни голот на Пекабеско, а Адмирал и Систина славеа тесни победи.

Адмирал со голман-играч до победа над Еуролинк

Адмирал 6-5 (4-3) Еуролник
Адмирал: Стефан Серафимовски 7’, 17’, 22’, Ненад Лазаревски 10’, Александар Лазаревски 12’, 37’
Еуролинк: Ивица Стефковски 11’, 35’, Јовче Зузаровски 14’, 20’, Раде Бакев 24’

Екипите на Адмирал и Еуролинк одиграа исклучително тесен и неизвесен натпревар во кој во текот на целиот натпревар водството се менуваше на двете страни. Во ниеден момент ниедна од екипите не оствари резултатска предност, како во првото така и во второто полувреме. Се играше гол за гол, но во одлучувачките моменти екипата на Адмирал во своите редови внесе голман – играч, што се покажа како прав потег кој ги водеше до тесна победа од 6-5.

УНИКА со колективна игра до победа над Пекабеско

УНИКА 12-5 (4-1) Пекабеско
УНИКА: Шабан Чупи 6’, 17’, 32’, 38’, Влатко Деспотовски 14’, Арбен Нухиу 18’, 22’, 28’, 32’, 36’, Александар Петрушевски 22’, Арбен Бајрами 35’
Пекабеско: Дејан Неделковски 14’, 25’, 26’, Бобан Вујиќ 30’, 39’

Екипата на УНИКА во дуелот со Пекабеско влезе мошне мотивирано, со добро поставена одбрана која им овозможи да имаат отворени контранапади преку кои доаѓаа до чиста реализација. Кај екипата на Пекабеско за игра беше расположен Дејан Неделковски, кој не можеше да го понесе целиот товар бидејќи УНИКА беше целосно комплетна и преку колективна игра имаше одлична реализација која на крајот резултираше со висока победа од 12-5.

Систина со цврста одбрана до победа над ТРАНСМЕТ

Систина 3-2 (3-0) ТРАНСМЕТ
Систина: Александар Јаневски 13’, Игор Ѓорѓиевски 15’, Бојан Саздовски 17’
ТРАНСМЕТ: Един Скендеровиќ 37’, Живко Стојкоски 39’

Екипата на Систина во дуелот со ТРАНСМЕТ целосен акцент имаше ставено на играта во одбраната. Добро ги затвори сите приоди кон сопствениот гол, не давајќи му на ТРАНСМЕТ отворен шут со кој би можел да дојде до чиста реализација. Со вакво темпо на игра играше во текот на целиот натпревар, што кај ТРАНСМЕТ резултираше со конфузија во делот на нападот, па со ваков напад не можеше да очекува поволен резултат и го загуби овој натпревар со 3-2.

19 ноември 2015 - 10:56