ЕВН со целосен пресврт до победа над Шпаркасе банка

Во последниот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија ЕВН и Лукоил славеа убедливо, а средбата меѓу Халкбанк и Гранит беше одложена.

ЕВН со целосен пресврт до победа над Шпаркасе банка

ЕВН 11-3 (6-2) Шпаркасе банка
ЕВН: Александар Димовски 7’, 36’ Петре Даиловски 12’, 16’, 18’, 22’, 34’, Бојан Маџовски 20’, 20’, Илија Мандаров 30’, Жарко Пунтевски 37’
Шпаркасе банка: Филип Чижбановски 4’, 10’, Дарко Стојановски 29’

Екипата на Шпаркасе банка во дуелот со ЕВН влезе мошне мотивирано, имаше одличен старт и дојде до водство од 2 гола. Но набрзо екипата на ЕВН ги консолидира своите редови играјќи ја својата препознатлива игра, го израмни резултатот и поведе. Ваквата добра игра му овозможи да дојде до високи 6-2 на полувремето. Во второто полувреме ЕВН продолжи во ист ритам, не давајќи простор на Шпаркасе банка да се врати во натпреварот, по што дојде до висока победа од 11-3.

Лукоил го скрши отпорот на Еуролинк во второто полувреме

Еуролинк 4-9 (3-4) Лукоил
Еуролинк: Дарко Атанасовски 11’, 26’, Ивица Стефковски 15’, Раде Бакев 19’
Лукоил: Владимир Секулоски 5’, 24’ Дејан Зиков 5’, 25’, Марјан Цветковски 13’, Игор Дамјаноски 17’, 23’, Љупчо Апостоловски 33’ 33’

Во првото полувреме екипите на Еуролинк и Лукоил водеа рамноправна борба. Се играше брз и отворен фудбал и на двете страни, во кој ниедна од екипите не успеа да оствари значителна резултатска предност, па така на полувремето се отиде со 3-4 за Лукоил. Во второто полувреме минатогодишниот шампион Лукоил заигра во својот препознатлив стил и целосно го скрши отпорот на екипата на Еуролинк, по што стигна до високо водство за убедива победа од 4-9.

26 ноември 2015 - 10:23