Халкбанк со целосен пресврт до победа над Систина

Во 4. коло од Бизнис лигата на Македонија победи славеа Македонски Телеком, ЕВН и Халкбанк.

Супербрз Македонски Телеком во дуелот со АрцелорМиттал

АрцелорМиттал 3-9 (2-1) Македонски Телеком
АрцелорМиттал: Марјан Стојановски 3’, Игор Мирчевски 6’, 40’
Македонски Телеком: Душко Симоноски 13’, 23’, 30’, Влатко Манев 21’, 34’, 37’, Петре Велигденов 25’, 26’, Михајло Лазаревски 40’

Во првото полувреме екипата на АрцелорМиттал во дуелот со Македонски Телеком прикажа одлична игра, пред се во делот на нападот, каде што имаа одлична реализација. Македонски Телеком во текот на целото прво полувреме не можеше да најде противигра за АрцелорМиттал, па на полувремето АрцелорМиттал отиде со водство од 2-1.Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком излезе со формација голман-играч (Агрон Пацоли), што се покажа како мошне успешна, бидејќи не само што ја анулираа предноста, туку и дојдоа во водство од 2-5 за само 6 минути игра. Во понатамошниот дел од натпреварот се беше во знакот на Македонски Телеком кој извојува висока победа од 3-9.

ЕВН убедлив во дуелот со Пекабеско

Пекабеско 1-6 (0-3) ЕВН
Пекабеско: Јовица Левајковски 27’
ЕВН: Дарко Цветковски 10’, Петре Даиловски 19’, 20’, Вилијам Митев 24’, Бојан Маџовски 31’, 32’

ЕВН во натпреварот со Пекабеско имаше своја вечер што вешто ја искористи и прикажа доминација во текот на целиот натпревар. Преку одлично организиран напад доаѓаше до отворени шутеви кон голот, кои успеваше да ги реализира. Пекабеско потфрли во делот на одбраната, но мора да напоменеме дека не успеа да реализира многу чисти шанси и не можеше да очекува поволен исход во овој натпревар, па го загуби со 1-6.

Халкбанк со целосен пресврт до победа над Систина

Систина 4-7 (3-3) Халкбанк
Систина: Горан Манов 3’, 10’, Александар Јаневски 17’, 35’
Халкбанк: Игор Стојановски 19’, 36’, Мартин Дамески 19’, Влатко Блажевски 20’, Дејан Петкоски 25’, 28’, Александар Никоски 34’

Натпреварот помеѓу Систина и Халкбанк го отвори Горан Манов, кој постигна гол во 3 минута. Халкбанк по рано примениот гол почна да игра поофанзивно, како би го израмнила резултатот. Но, расположениот вечерва за игра Манов успеа да искористи уште еден контранапад за зголемување на водството на 2-0. Но тука Систина не застана, па стигна до дури 3-0, по што кај нив дојде до мало опуштање, што искусната екипа на Халкбанк вешто го искористи, па во само 2 минути даде 3 гола и го израмни резултатот на полувремето на 3-3. Во второто полувреме Халкбанк продолжи со добрата игра што ја започна со крајот на првото и го зголеми водството на 3-5. На 10 минути пред крајот Систина се обиде со голман-играч да дојде до пресврт, но Халкбанк не го дозволи тоа, па го доби овој натпревар со 4-7.

29 октомври 2015 - 11:47