ЕВН ја прокоцка победата во Адмирал

Во вториот ден од 5. коло во Бизнис лигата на Македонија Шпаркасе банка со петарда славеше над ОНЕ.ВИП, а убедлив триумф забележа и Алкалоид.

ЕВН ја прокоцка победата во Адмирал

ЕВН 6-7 (3-2) Адмирал
ЕВН: Ајет Новобрдарија 15’, Петре Даиловски 16’, 19’, 37’, Александар Димовски 28’, Бојан Маџовски 36’
Адмирал: Спасе Новковски 9’, 29’, Стефан Серафимовски 14’, 30’, Горан Грковиќ 21’, Ненад Лазаревски 34’, 35’

Екипата на Адмирал маестрално го започна натпреварот со ЕВН постигнувајќи 2 гола во низа, со кои дојде до солидно водство. Но екипата на ЕВН го искористи своето искуство и со смирена игра успеа да израмни на 2-2, а потоа и поведе на 3-2, како што впрочем се отиде и на полувремето. На самиот старт од второто полувреме екипата на Адмирал по само неколку секунди успеа да израмни на 3-3, кој како да им даде ветер во едрата и стигнаа до позитива од 3 гола. Екипата на ЕВН се обиде да ја анулира предноста, но како самата да стави точка на овој натпревар со промашениот пенал во 39’, по што немаше шанса за победа па го загуби овој натпревар со 6-7.

Шпаркасе банка со одлична одбрана до победа над ОНЕ.ВИП

ОНЕ.ВИП 0-5 (0-2) Шпаркасе банка
ОНЕ.ВИП: /
Шпаркасе банка: Дарко Стојановски 15’, Филип Чижбановски 19’, 31’, Стојанчо Јосифоски 28’, Деко Марков 37’

Прво полувреме во кое целосен акцент и двете екипи имаа поставено во играта во одбраната, па и оттука малиот број на голови во текот на целото прво полувреме. Екипата на Шпаркасе банка успеа да искористи две грешки во одбраната на ОНЕ.ВИП и да ги претвори во гол. Во второто полувреме екипата на Шпаркасе банка прикажа апсолутна доминација, пред се во делот на нападот каде што беше надмоќна во однос на ОНЕ.ВИП, кој не можеше да парира во ваквата игра и го загуби овој натпревар со 0-5.

Алкалоид убедлив во дуелот со Халкбанк

Халкбанк 2-7 (1-4) Алкалоид
Халкбанк: Мартин Дамески 18’, Влатко Блажевски 34’
Алкалоид: Стефан Димовски 2’, 9’, 30’, Оливер Христовски 15’, 20’, 24’, 30’

Во првото полувреме екипата на Алкалоид во дуелот со Халкбанк влезе мошне мотивирано со сериозен пристап уште на самиот почеток од натпреварот. На самиот старт уште во раната фаза постигнаа гол кој им даде самодоверба која ја искористија и стигнаа до резултат од 0-3, по што Халкбанк со гол се обиде да се врати во натпреварот, но остана со играч помалку што Алкалоид вешто го искористи за конечни 1-4 на полувремето. Во второто полувреме Алкалоид преку пенал го зголеми водството, по што Халкбанк внесе голман-играч во своите редови. Но и тоа не вроди со плод, бидејќи Алкалоид во своите редови го имаше стандардно добриот Оливер Христовски, кој постигна дури 4 гола за победа на Алкалоид од 2-7.

4 ноември 2015 - 10:51