"Би сакал да им се заблагодарам на сите медиуми кои се во сите овие 6 години поддржувачи на Бизнис Лигата на Македонија и компаниите кои ја препознаа оваа идеја. Од оваа година и официјално Телеком Бизнис Лига на Македонија" - изјави проект менаџерот на Бизнис Лигата на Македонија – Филип Николовски.
„Им се заблагодарувам на сите учесници без кои ова натпреварување немаше да прерасне во едно од најелитните аматерски натпреварувања во регионот. Се надевам дека добро ќе се забавувате, ќе го подигнете својот тимски дух и ќе остварите нови бизнис контакти. И уште еднаш им ја честитам титулата на Лукоил во минатата сезона" – изјави проект менаџерот на Бизнис Лигата на Македонија - Младен Ѓуроски, кој ги претстави компаниите - учеснички и начинот на натпреварување во овогодинешната Бизнис Лига.
„Се надевам на фер и коректна игра во натпреварите од лигата па се до финалето за првото место. Од досегашното искуство, можам слободно да кажам дека натпреварувачите ги претставуваа своите компании во одлично светло. Но, најважно од сè во оваа Телеком Бизнис лига е дружењето, воспоставувањето на бизнис контакти, одржување на спортскиот дух и споделувањето на пријатни доживувања. Team building–от и адреналинот од секој фудбалски натпревар се пренесува во компаниите и ги поттикнува вработените на остварување на подобри заеднички резултати. Впрочем крајната цел во спортот или работата е успехот, да се биде најдобар односно на врвот! Затоа, на крајот посакувам успешен старт на Телеком Бизнис Лигата во понеделник, одлична игра, супер дружење и нека победи најдобриот тим" – изјави Димитар Ковачевски, директор на сектор за комуникации во Македонски Телеком.
Во следните десет месеци, деветнаесет екипи ќе се борат да остварат што е можно подобар пласман на табелата, да влезат во најдобрите осум и во елиминационото коло да го освојат шампионатот.