ЈСП во турбулентен натпревар до победа над Систина

Во вториот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија, АрцелорМиттал беше убедлив против ОНЕ.ВИП, а ЕЛЕМ славеше против УНИКА.

ЈСП во турбулентен натпревар до победа над Систина

Систина 6-7 (4-3) ЈСП
Систина: Стефан Трајановски 8’, Никола Трајковски 10’, 17’, Александар Јаневски 19’, Горан Манов 22’, Игор Ѓорѓиевски 22’
ЈСП: Љупчо Павловиќ 12’, 25’, Дејан Блажевски 13’, Ивица Арсенов 16’, 30’, Даниел Антов 27’, Велко Серафимовски 40’

Овој натпревар екипата на Систина го почна офанзивно со перфектна игра пред се во делот на нападот, каде што со одлична реализација успеа да дојде до 2-0. Но екипата на ЈСП ги консолидираше своите редови и не само што изедначи, туку успеа и да поведе со гол разлика. Систина се погрижи да ја задржи неизвесноста во овој натпревар, па го направи истото што предмалку му појде од рака на ЈСП за 4-3 на полувремето во полза на Систина. Во второто полувреме продолжи турбулентниот натпревар во кој и двете екипи наизменично се менуваа во водството, за да на крајот екипата на ЈСП преку Велко Серафимовски постигне гол за минимална победа од 6-7. 

АрцелорМиттал супериорен во дуелот со ОНЕ.ВИП

АрцелорМиттал 9-2 (2-0) ОНЕ.ВИП
АрцелорМиттал: Игор Мирчевски 2’, 29’, 33’, 36’, Александар Зотиќ 3’, 31’, Жарко Ивановски 8’, 40’, Перо Ризов 38’
ОНЕ.ВИП: Мартин Ангеловски 35’, 37’

Екипата на АрцелорМиттал во дуелот со ОНЕ.ВИП влезе мошне мотивирано играјќи контролиран напад и цврста одбрана, што им вроди со плод, па дојдоа до предност уште во раната фаза од натпреварот. Оваа предност ја контролираа во текот на целиот натпревар. Екипата на ОНЕ.ВИП не се снајде најдобро, пред се во делот на нападот кај што имаа слаба реализација, па го загубија овој натпревар со 9-2.

ЕЛЕМ со одлична реализација до победа над УНИКА

УНИКА 3-7 (0-3) ЕЛЕМ
УНИКА:  Арбен Нухиу 36’, 36’, Ибиш Мисини 40’
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 4’, 6’, 18’, Влатко Петровски 24’, 24’, 26’, 34’

Екипата на ЕЛЕМ во првото полувреме во дуелот со УНИКА демонстрираше одлична игра пред се во делот на нападот, каде што имаа перфектна реализација и стигнаа до високи 0-3. Екипата на УНИКА не ја играше својата препознатлива игра, па на полувремето замина со 0-3. Во второто полувреме ЕЛЕМ продолжи со истата игра, по што стигна до високи 0-5. Екипата на УНИКА се обиде со голман-играч да се врати во натпреварот, што делумно им појде од рака, но не успеаа целосно да ја намалат разликата, па го загубија овој натпревар со 3-7. 

25 ноември 2015 - 11:07