Адмирал не дозволи изненадување во дуелот со Алкалоид

Во шестото коло од Бизнис лигата на Македонија Лукоил и Шпаркасе банка победија со по седум голови во мрежите на Пекабеско и Еуролинк.

Лукоил со рутинирана игра до победа над Пекабеско

Пекабеско 3-7 (1-3) Лукоил
Пекабеско: Дејан Неделковски 11’, 31’, 40’
Лукоил: Жарко Климкаров 11’, 30’, Мартин Алаѓозовски 12’, 38’, Љупчо Апостоловски 18’, Марјан Цветковски 23’, Ангелчо Арсов 32’

Минатогодишниот шампион – екипата на Лукоил во дуелот со новакот во Бизнис Лигата Пекабеско влезе мошне мотивирано. Уште во првото полувреме стекна резултатска предност, што му овозможи на Лукоил да ја искористи целосно долгата клупа и со брзи и чести измени во ротација да држи висок ритам на игра, што новакот во Бизнис Лигата Пекабеско не можеше да го предвиди. Искусниот Лукоил не дозволи Пекабеско да влезе во вистински ритам, па го доби овој натпревар со 3-7. Полувреме 1-3.

Адмирал не дозволи изненадување во дуелот со Алкалоид

Алкалоид 3-5 (0-3) Адмирал
Алкалоид: Oливер Христовски 26’, Стефан Димовски 30’, 33’
Адмирал: Горан Грковиќ 5’, Спасе Новковски 6’, 40’, Ненад Лазаревски 12’, Стефан Серафимовски 28’

Во првото полувреме екипата на Адмирал во дуелот со Алкалоид прикажа перфектна игра, пред се во делот на нападот, каде што со голман-играч имаше одлична реализација и дојде до водство од дури 0-3. Алкалоид не успеа да го искористи играчот плус кој го имаше во текот на првото полувреме, па Адмирал го задржи водството и со истото отиде на полувремето. Во второто полувреме уште на самиот старт, Алкалоид започна со Оливер Христовски како голман-играч, што во 25’ вроди со плод и намали на 1-3. Но Адмирал набрзо врати, по што следеше офанзива на Алкалоид за да се влезе во неизвесна завршница, во која Адмирал не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 3-5.

Шпаркасе банка сконцентрирано до победа над Еуролинк

Еуролинк 4-7 (3-3) Шпаркасе банка
Еуролинк: Ивица Стефковски 4’, Раде Бакев 10’, 14’, Александар Кузинаков 23’
Шпаркасе банка: Филип Чижбановски 18’, Дарко Стојановски 19’, Деко Марков 20’, 26’, 34’, 35’, Стојанчо Јосифоски 23’

Доста турбулентно прво полувреме одиграа екипите на Еуролинк и Шпаркасе банка. Екипата на Еуролинк со одлична игра во првиот дел од првото полувреме дојде до дури 3-0. Но во самиот финиш на полувремето екипата на Шпаркасе банка, пред се со агресивна одбрана дојде до изгледни шанси за гол кои ги реализираше за 3-3 на полувремето. На самиот старт од второто полувреме Еуролинк постигна гол за подигање на самодовербата, но Шпаркасе банка по само 1 минута возврати со иста мера и со посконцентриран напад успеа да направи резултатски пресврт и да го добие овој натпревар со 4-7.

11 ноември 2015 - 15:18