Халкбанк убедлив во дуелот со Гранит

Во 11. коло од Бизнис лигата на Македонија УНИКА, Халкбанк и Шпаркасе банка ги собраа бодовите.

УНИКА 3-0 (сл.) ОНЕ.ВИП

Халкбанк убедлив во дуелот со Гранит
Халкбанк 9-1 (4-1) Гранит
Халкбанк: Дарко Калевски 12’, Игор Стојановски 15’, Мартин Дамески 18’, 27’, 28’, 29’, 40’, Влатко Блажевски 37’, Марјан Атанасовски 40’
Гранит: Семир Прентиќ 8’

Екипата на Халкбанк влезе мошне мотивирано уште на самиот почеток во дуелот со Гранит. Натреварот го отвори Гранит во 8’ постигнувајќи гол, но набрзо Халкбанк воспостави целосна контрола врз натпреварот, не давајќи му на Гранит шанса да се врати во игра. Екипата на Халкбанк во ниеден момент не дозволи да се доведе во прашање овој натпревар, па го доби со 9-1. Полувреме 4-1.

Во турбулентен натпревар Шпаркасе банка до победа над АрцелорМиттал

Шпаркасе банка 8-6 (4-3) АрцелорМиттал
Шпаркасе банка: Стојанчо Јосифоски 1’, 19’, 24’, 39’, Деко Марков 5’, 31’, Дарко Стојановски 18’, Филип Чижбановски 36’
АрцелорМиттал: Игор Мирчевски 9’, 39’, Марјан Петровски 12’, 14’, Жарко Ивановски 30’, Александар Зотиќ 40’

Крајно турбулентно прво полувреме одиграа екипите на Шпаркасе банка и АрцелорМиттал. На самиот старт иницијативата ја имаше екипата на Шпаркасе банка, која дојде до водство од 2-0 за да АрцелорМиттал направи целосен пресврт и поведе со гол предност. Шпаркасе банка не дозволи АрцелорМиттал да остане во водство на полувремето, па го доби во своја полза од 4-3. Екипата на АрцелорМиттал во второто полувреме се обиде да се врати во натпреварот, но Шпаркасе банка не го дозволи тоа играјќи одлично во текот на целото полувреме и го доби овој натпревар со 8-6.

16 декември 2015 - 10:05