Рошкоски во последната секунда му донесе победа на МЕПСО

Во вториот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија Елем славеше убедливо над Гранит, а Халкбанк и Трансмет одиграа без поебдник.

ЕЛЕМ ги урна темелите на Гранит

ЕЛЕМ 11-2 (4-1) Гранит
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 8', Антонио Ничевски 9', Слободан Лајкоски 15', Петко Бушески 19', Влатко Петровски 21', 26', 27', 32', 38', Синиша Ковачевиќ 31', Жан Ристевски 38'
Гранит: Пепи Мицев 14', Дарко Стојановски 37'

Екипата на ЕЛЕМ во дуелот со Гранит прикажа доста брз и отворен фудбал кој изобилуваше со атрактивни потези и доста пробивања што им овозможуваа најчесто да дојдат до отворен шут кон голот на Гранит. Кај Гранит пак беше воочлива слаба игра во одбраната со што неможеа да го запрат расположениот ЕЛЕМ пред се во делот на нападот. Предноста што ја создаде ЕЛЕМ на почетокот на натпреварот успеа да ја одржи во текот на целиот натпревар и да го добие истиот со 11-2.

Диме Рошкоски во последната секунда му донесе победа на МЕПСО во дуелот со УНИКА

МЕПСО 4-3 (1-2) УНИКА
МЕПСО: Виктор Петровски 4', 31', 33', Диме Рошкоски 40'
УНИКА: Ибиш Мисини 7', Александар Петрушевски 8', Арбен Нухиу 25'

Екипите на МЕПСО и УНИКА овој натпревар го започнаа со голман-играч со цел да имаат играч плус во нападот како би оствариле подобра позиција за отворен шут кон голот. Иако МЕПСО поведе со 1-0 екипата на УНИКА брзо направи целосен пресврт и во своја полза го сврте резултатот на 1-2. Ваквиот резултат се задржа до крајот на првото полувреме. Иако на почетокот на второто полувреме екипата на УНИКА успеа да го зголеми водството МЕПСО преку брзи контранапади успеа да го израмни резултатот во 33-тата минута од натпреварот. Во понатамошниот дел од натпреварот и двете екипи играа доста настојчиво но не успеваа да постигнат гол, буквално до последната секунда кога МЕПСО преку Диме Рошкоски успеа да постигне гол за победа со кој МЕПСО ги обезбеди трите бода.

Во крајно неизвесен натпревар Трансмет и Халкбанк ги поделија бодовите

Халкбанк 4-4 (0-3) Трансмет
Халкбанк: Мартин Дамески 22' 32', Александар Никоски 28', Игор Стојановски 33'
Трансмет: Бобан Велјановски 12', 17', 25', Живко Стојкоски 20'

Екипата на Трансмет во дуелот со Халкбанк имаше одличен влез изнаоѓајќи ги сите грешки во одбраната на Халкбанка преку кои успеваше да упати и реализира чисти удари кон голот. Полувремето екипата на Трансмет го заврши со високи 3-0. Во второто полувреме екипата на Халкбанк уште на самиот почеток успеа да постигне гол преку Мартин Дамески и се обиде да фати каков-таков резултатски приклучок. Екипата на Трансмет реагираше брзо постигнувајќи гол. Во жарот на борбата по груб фаул следеше исклучување кај Трансмет што Халкбанк успеа да го претвори во гол по што и следеше израмнување на резултатот како што впрочем и заврши овој натпревар.

2 декември 2015 - 09:37