ЕЛЕМ во турбулентен натпревар до победа над Македонски Телеком

Во 5. коло од Бизнис лигата на Македонија МЕПСО ја наполни мрежата на АрцелорМиттал, а Лукоил победи убедливо против Гранит.

МЕПСО со сериозен пристап до победа над АрцелорМиттал

МЕПСО 13-3 (6-1) АрцелорМиттал
МЕПСО: Виктор Петровски 2’, 8’, 12’, 34’, 37’, 39’, Диме Рошковски 3’, 7’, 31’, 40’, Борис Трајковски 15’, Кристијан Михајловски 22’, Далибор Христов 25’
АрцелорМиттал: Методија Миовски 18’, Љупчо Шегмановиќ 28’, Александар Илиев 37’

Екипата на МЕПСО во дуелот со АрцелорМиттал влезе максимално мотивирано, без да му даде простор на АрцелорМиттал да намести било каква игра во нападот. Со ваквата игра на која се додаде и одличната реализација, МЕПСО на полувремето отиде со високи 6-1. Бевме сведоци на иста слика и во второто полувреме, кај што МЕПСО беше супериорен и оствари победа на овој натпревар од 13-3.

ЕЛЕМ во турбулентен натпревар до победа над Македонски Телеком

Македонски Телеком 3-6 (0-2) ЕЛЕМ
Македонски Телеком: Петре Велигденов 25’, 37’, Агрон Пацоли 35’
ЕЛЕМ: Димче Димитријески 9’, 35’, Антонио Ничевски 20’, Синиша Ковачевиќ 30’, Влатко Петровски 36’, 40’

Екипите на Македонски Телеком и ЕЛЕМ овој натпревар го започнаа со формација голман-играч, кој беше во почетната постава и кај двете страни. Екипата на ЕЛЕМ прва искористи грешка во додавањето кај Македонски Телеком и дојде до водство во 9’ од 0-1, по што следеше исклучување кај Македонски Телеком, па ЕЛЕМ остана со играч плус, што го искористи за 0-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком постигна гол со што намали на 1-2 и имаше шанси да го изедначи резултатот, но среќата беше на страната на ЕЛЕМ кој повторно преку Синиша Ковачевиќ постигна гол и зголеми на 1-3. Во понатамошниот тек од натпреварот екипата на Македонски Телеком остана дури со 2 играчи плус и успеа од пенал да го намали водството, но екипата на ЕЛЕМ беше присебна, не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 3-6.

Лукоил за прв пораз на Гранит

Гранит 2-9 (1-3) Лукоил
Гранит: Дарко Стојановски 6’, 25’
Лукоил: Владимир Секулоски 4’, 9’, Игор Дамјаноски 10’, Дејан Зиков 21’, Марјан Цветковски 24’, Жарко Климкаров 30’, Александар Аврамоски 32’, Мартин Алаѓозовски 34’, Љупчо Апостоловски 39’

Екипата на Лукоил во дуелот со првиот на табелата – Гранит одигра прво полувреме во кое успеа да оствари солидна предност од 1-3. Екипата на Гранит, пак, не можеше да се снајде во добро поставената одбрана на Лукоил, па на полувремето отиде со негатива од 1-3. Во второто полувреме екипата на Лукоил само го зголемуваше водството. Гранит се обиде и со голман-играч, но не можеше да му парира на расположениот Лукоил, па го загуби овој натпревар со 2-9.

5 ноември 2015 - 11:06