УНИКА во полн состав до победа над АрцелорМиттал

11. коло во Бизнис лигата на Македонија со победи го заокружија екипите на Гранит, Еуролинк и УНИКА.

Гранит во отворен фудбал подобар од Систина

Систина 4-8 (1-3) Гранит
Систина: Александар Јаневски 20’, Игор Ѓорѓиевски 23’, 40’, Бојан Саздовски 26’
Гранит: Пепи Мицев 7’, 25’, Семир Прентиќ 11’, Севан Митревски 18’, 21’, 27’, Дарко Стојановски 26’, Ернад Рамдедовиќ 39’

Екипата на Гранит уште на самиот почеток наметна висок ритам на игра во кој Систина не се снајде баш најдобро. Кога на тоа ќе се додаде и искористениот играч плус по грубиот фаул на Систина, следуваше значителна резултатска предност. Систина во неколку наврати се обиде да се врати во натпреварот, но Гранит успешно возврати, па го доби овој натпревар со 4-8.

Еуролинк ја продолжи победничката серија и против Пекабеско

Пекабеско 2-5 (1-3) Еуролинк
Пекабеско: Игор Димевски 3’, Бобан Мициќ 23’
Еуролинк: Ивица Стефковски 3’, Дарко Кадински 13’, 35’, Јовче Зузаровски 14’, Филип Блажевски 22’

Еуролинк ја продолжи одличната серија на победи. Кај нив е евидентен напредок во играта и подигање на формата. Екипата на Пекабеско не можеше да го испрати овој висок ритам на игра кој го наметна Еуролинк. Во текот на целиот натпревар иницијативата беше во нозете на Еуролинк, не дозволувајќи победникот на овој натпревар да се доведе во прашање, па го доби овој натпревар со 2-5.

УНИКА во полн состав до победа над АрцелорМиттал

УНИКА 12-6 (8-3) АрцелорМиттал
УНИКА: Љуљзим Каштањева 4’, 5’, 14’, 23’, Ибиш Мисини 13’, 14’, 18’, Влатко Деспотовски 13’, Арбен Нухиу 19’, 26’, 28’, Шабан Чупи 30’
АрцелорМиттал: Александар Зотиќ 8’, 18’, 30’, Перо Ризов 9’, Александар Илиев 32’, 40’

Во последниот меч од есенскиот дел од Бизнис Лигата на Македонија силите ги одмерија екипите на УНИКА и АрцелорМиттал. Екипата на УНИКА за прв пат после подолго време настапи комплетирано, со целиот ростер на играчи, по што резултатот беше неизбежен. Екипата на АрцелоМиттал вечерва не можеше да и парира на расположената УНИКА, која го доби овој натпревар со 12-6.

17 декември 2015 - 09:43