Во дожд од голови Халкбанк подобар од ЕВН

Второто коло од Бизнис лигата на Македонија со победи го одбележаа ФАКОМ против АрцелорМиттал и Халкбанк против ЕВН. Алкалоид и Македонски Телеком ги поделија бодовите.

Реми во дуелот Алкалоид - Македонски Телеком

Алкалоид 2-2 (1-0) Македонски Телеком
Алкалоид: Оливер Христовски 17’, Стефан Димовски 25’
Македонски Телеком: Влатко Манев 31’, Агрон Пацоли 40’

Бевме сведоци на натпревар во кој преовладуваше брз фудбал со доста проигрувања, без оглед на малиот број на голови. Екипата на Алкалоид одлично го отвори овој натпревар и добро го контролираше се до средината на второто полувреме кога Македонски Телеком со гол намали на 2-1, со што се влезе во неизвесна завршница. Во ваквата игра, на само минута пред крајот, Алкалоид остана со играч помалку, што Македонски Телеком го искористи за конечни 2-2. 

Железарското дерби за ФАКОМ

ФАКОМ 2-1 (1-1) АрцелорМиттал
ФАКОМ:
Боро Мисердовски 12’, Бобан Китановски 25’
АрцелорМиттал: Александар Зотиќ 9’

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на АрцелорМиттал и ФАКОМ. Се играше затворен фудбал во кој беше ставен целосен акцент на одбраната, оттука и малиот број на голови во првото полувреме (1-1). На самиот старт од второто полувреме екипата на ФАКОМ постигна гол за 2-1, кој резултат успеа да го сочува до самиот крај и да извојува минимална победа со истиот. 

Во дожд од голови ХАЛКБАНК подобар од ЕВН

ХАЛКБАНК 8-7 (6-3) ЕВН
ХАЛКБАНК: Марјан Атанасовски 3’, 11’, 26’, Мартин Дамески 3’, 4’, 14’, Дарко Калевски 17’, Александар Никоски 27’
ЕВН: Петре Даиловски 13’, Дарко Цветковски 16’, 25’, Александар Димовски 17’, 22’, Вилијам Митев 30’, Ајет Новобрдалија 32’

Екипата на ХАЛКБАНК имаше фуриозен почеток во дуелот со ЕВН. Имаше одлична одбрана на половината на ЕВН, што им овозможи да имаат отворени шутеви кон голот, од кои по само 5 минути постигнаа 3 гола. Но, екипата на ЕВН ги консолидира своите редови играјќи ја својата препознатлива игра и прифаќајќи го  ритамот на игра со многу голови, со што се врати во натпреварот и во 36’ беше само еден гол предност за ХАЛКБАНК. Цврстата одбрана на ХАЛКБАНК му овозможи да го сочува резултатот и да ја оствари првата победа во Бизнис Лигата од 8-7.   

15 октомври 2015 - 15:32