Еуролинк рутинирано до победа над Систина

Во 5. коло од Бизнис лигата на Македонија победи остварија екипите на ЈСП, Еуролинк и ТРАНСМЕТ.

ТРАНСМЕТ сигурен во дуелот со УНИКА

ТРАНСМЕТ 8-2 (3-0) УНИКА
ТРАНСМЕТ: Един Скендеровиќ 2', 31', 32', Емир Бегановиќ 16', 38', Бобан Велјановски 20', 22', Амер Скендеровиќ 34'
УНИКА: Арбен Бајрами 21', Арбен Нухиу 30'

Исклучително цврста игра во првото полувреме прикажаа екипите на УНИКА и ТРАНСМЕТ. Екипата на ТРАНСМЕТ успеа да дојде до два гола предност, пред се благодарение на одличната игра во нападот, која му овозможи да отвори контри преку кои успеа да постигне гол. Екипата на УНИКА не успеа да ги реализира отворените шанси во првото полувреме и полувремето заврши со 3-0 во полза на ТРАНСМЕТ. Во второто полувреме екипата на УНИКА со два гола проба да се врати во натпреварот, но ТРАНСМЕТ заигра уште поангажирано, не дозволи пресврт и извојува сигурна победа од 8-2.

Еуролинк рутинирано до победа над Систина

Систина 4-5 (2-3) Еуролинк
Систина: Игор Ѓорѓиевски 2', 15', Бојан Саздовски 22', Александар Јаневски 29'
Еуролинк: Ивица Стефковски 4', 21', Раде Бакев 6', Филип Блажевски 11', 27'

Натпреварот го отвори екипата на Систина постигнувајќи гол уште во втората минута. Но тоа како да беше мотив плус за Еуролинк да заигра во свој стил и во текот на целото полувреме да има предност која на крајот на полувремето беше еден гол разлика 2-3. Во второто полувреме бевме сведоци на идентична ситуација со тоа што екипата на Еуролинк не дозволи Систина да направи целосен пресврт и рутинирано го заврши овој натпревар со победа над Систина од 4-5.

Пекабеско без пресврт во дуелот со ЈСП

ЈСП 5-4 (4-1) Пекабеско
ЈСП: Велко Серафимовски 8', 11', Коста Поповски 16', 20', Љубчо Павловиќ 27'
Пекабеско: Александар Георгиевски 10', Бобан Вујиќ 26', 32', 38' 

Во првото полувреме екипата на ЈСП со колективна игра и добра поставеност во нападот успеа да оствари предност од три гола. Екипата на Пекабеско не успеа да реализира неколку изгледни шанси за гол но по еден контра напад го постигна и единствениот гол во полувремето па така резултатот на полувремето беше 4-1. Пекабеско во второто полувреме успеа да го намали водството на 5-3. Во второто полувреме екипата на пекабеско успеа целосно да се врати во натпреварот и да на анулира целата предност со што се влезе во неизвесна завршница, но на крајот како да немаа сили за целосен пресврт па го загубија овој натпревар со минимални 5-4.

3 ноември 2015 - 10:37