ЈСП со триумф стартуваше во Телеком Бизнис Лигата

Во вториот ден од третото коло во Бизнис лигата на Македонија ТРАНСМЕТ го совлада Пекабеско, а Лукоил славеше над ЕВН.

Во турбулентен натпревар ТРАНСМЕТ подобар од Пекабеско

ТРАНСМЕТ 6-4 (4-3) Пекабеско
ТРАНСМЕТ: Един Скендеровиќ 5’, 12’, 34’, Живко Стојкоски 9’, 20’, 30’
Пекабеско: Јовица Левајковски 12’, Дејан Неделковски 13’, 24’, Бобан Вујиќ 15’

Екипите на Пекабеско и ТРАНСМЕТ одиграа прво полувреме кое беше доста турбулентно и со доста пресврти. Во првиот дел од првото полувреме доминираше екипата на ТРАНСМЕТ, која дојде до водство од 3-0, за да во вториот дел проработи ПЕКАБЕСКО, пред се во делот на нападот. Со три гола го израмнија резултатот, па во самиот финиш на мала грешка во одбраната ТРАНСМЕТ дојде до водство од 4-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Пекабеско не успеа да го искористи играчот плус и промаши неколу отворени шутеви кон голот кои истите ТРАНСМЕТ ги реализираше за победа од 6-4.

Цветковски (Лукоил) – one man show во дуелот со ЕВН

ЕВН 2-3 (1-2) Лукоил
ЕВН: Александар Димовски 1’, Бојан Маџовски 38’
Лукоил: Марјан Цветковски 8’, 11’, 28’

Екипата на ЕВН преку Александар Димовски за само 22 секунди го постигна најбрзиот гол оваа сезона, со што најави одличен натпревар во дуелот со Лукоил. Но противничкиот тим не дозволи ова да го поколеба, не само што се врати во натпреварот, туку и на полувремето отиде со гол предност (1-2). Во второто полувреме Лукоил повторно го имаше во своите редови расположениот Марјан Цветковски, кој не само што беше одличен на голот, туку и ги постигна сите 3 голови, за кој ЕВН едноставно немаше решение, па го загуби овој натпревар со 2-3.

ЈСП со победа над ОНЕ.ВИП стартуваше во Телеком Бизнис Лигата на Македонија

ОНЕ.ВИП 2-6 (1-2) ЈСП
ОНЕ.ВИП: Дарко Таневски 18’, 24’
ЈСП: Ивица Арсенов 7’, 31’, Дејан Блажевски 9’, Томи Петковски 25’, 37’, Дино Бекировски 38’

Во првото полувреме екипата на ЈСП играше доста офанзивно и преку таквата игра успеа да постигне два гола, со што резултатски се одлепи. Но екипата на ОНЕ.ВИП се покажа како тврд орев, постигнувајќи погодок кој ги врати во натпреварот иако на полувремето ЈСП имаше минимална предност од 1-2. На почетокот од второто полувреме Дарко Таневски кај ОНЕ.ВИП беше исклучително расположен за игра, со вториот гол го израмни резултатот на 2-2. Но, искусниот ЈСП ја искористи свежината во игра и подолгата клупа, не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 2-6.

21 октомври 2015 - 16:10