Гранит со дисциплиниран напад до победа над УНИКА
Гранит 7-4 (3-2) УНИКА
Гранит: Оливер Ангеловски 6’, Семир Прентиќ 17’, 27’, Пепи Мицев 17’, 21’, 40’, Дарко Стојановски 25’
УНИКА: Арбен Бајрами 2’, Арбен Нухиу 18’, 37’, Влатко Деспотовски 29’
Натпреварот го отвори УНИКА и наговести брз фудбал со доста голови. Екипата на Гранит имаше свој одговор на ова, па не само што изедначи, туку дојде и до водство кое го задржа се до крајот на полувремето кое го доби во своја полза од 3-2. Во второто полувреме екипата на Гранит со одличен напад успеа да стекне предност од дури 3 гола, по што УНИКА внесе во своите редови голман-играч, како би го намалила водството. Но, времето беше сојузник на Гранит кој го доби овој натпревар со 7-4.
Македонски Телеком немаше сили за пресврт во дуелот со Адмирал
Македонски Телеком 6-7 (1-4) Адмирал
Македонски Телеком: Влатко Манев 20’, 38’, Михајло Лазаревски 27’, 28’, Агрон Пацоли 29’, 30’
Адмирал: Горан Грковиќ 3’, Мирослав Спасовски 15’, 16’, Спасе Новковски 20’, 33’, Стефан Серафимовски 21’, Албим Шакири 26’
Во првото полувреме екипата на Адмирал играше доста пореализирано во нападот во однос на Македонски Телеком, кој имаше и неколку грешки кои Адмирал вешто ги искористи и ги претвори во гол, за да на полувремето отиде со високи 1-4. На почетокот од второто полувреме екипата на Адмирал продолжи со одлична игра по што стекна предност која го примора Македонски Телеком да внесе во своите редови голман-играч, како би се вратил во натпреварот. Тоа вроди со плод, па Македонски Телеком потполно се врати во натпреварот, но екипата на Адмирал до крајот не дозволи целосен пресврт, успеа да го сочува водството и го доби овој натпревар со 6-7.
Халкбанк преку добро позициониран напад до победа над АрцелорМиттал
АрцелорМиттал 3-8 (1-4) Халкбанк
АрцелорМиттал: Игор Мирчевски 2’, Александар Илиев 25’, Љупчо Шегмановиќ 35’
Халкбанк: Дејан Петкоски 7’, 21’, Дарко Калевски 9’, Мартин Дамески 12’, 27’, 36’, Артан Сејди 17’, Марјан Атанасовски 23’
Екипата на Халкбанк во дуелот со АрцелорМиттал прикажа апсолутна доминација во текот на целиот натпревар. Играа добро позициониран напад кој им овозможи да имаат константно водство во текот на целиот натпревар. Екипата на АрцелорМиттал во ваквата игра не можеше да се снајде, па го загуби овој натпревар со 3-8.