Новакот Пекабеско со деби победа во Бизнис Лигата

Во првото коло од 6-та сезона во Бизнис лигата на Македонија победи остварија Пекабеско, ЕВН и АрцелорМиттал.

Новакот Пекабеско преку ОНЕ.ВИП до прва победа во Бизнис Лигата

ОНЕ.ВИП 4-7 (1-3) Пекабеско
ОНЕ.ВИП: Мартин Ангеловски 14’, Сашо Србаков 32’, Бобан Несторовски 35’, Слободан Кекеновски 37’
Пекабеско: Бобан Вујиќ 7’, 29’, Александар Георгиевски 12’, Јовица Левајковски 17’, Дејан Неделковски 26’, Слободан Игнатов 30’, 39’

Овогодинешната Бизнис Лига ја отворија екипите на ОНЕ.ВИП и новакот во лигата – екипата на Пекабеско. Во првото полувреме се играше фудбал во кој беше ставен целосен акцент на нападот и на двете страни. Екипата на Пекабеско реализираше преку два контранапади, со што успеа да отиде на полувремето со резултатска предност од 2-1. Во второто полувреме новакот Пекабеско преку колективна игра успеа да го зголеми водството кое го одржуваше во текот на целото полувреме и им овозможи да дојдат до победа од 4-7. Кај екипата на ОНЕ.ВИП мора да напоменеме дека Сашо Србаков постигна еврогол.

ЕВН не дозволи изненадување во дуелот со Еуролинк

ЕВН 6-4 (3-0) Еуролинк
ЕВН: Александар Димовски 9’, 9’, Петре Даиловски 9’, 31’, Вилијам Митев 20’, Ајет Новобрдалија 28’
Еуролинк: Раде Бакев 22’, Филип Блажевски 24’, 35’, Игор Ристевски 27’

Во првото полувреме екипата на ЕВН во дуелот со Еуролинк покажа игра во која апсолутно доминираше, не давајќи му на Еуролинк простор за било каква противигра. На полувремето ЕВН отиде со заслужени 3 гола предност. На самиот старт од второто полувреме Еуролинк со 3 погодоци потполно се врати во натпреварот, но по навремениот тајм-аут ЕВН ги консолидира целосно своите редови и успеа да влезе во својот препознатлив ритам за победа на овој натпревар од 6-4.  

Адмирал немаше време за пресврт во дуелот со АрцелорМиттал

АрцелорМиттал 4-3 (2-1) Адмирал
АрцелорМиттал: Жарко Ивановски 2’, Александар Зотиќ 6’, Игор Мирчевски 23’, Игор Герасов 29’
Адмирал: Мирослав Спасовски 9’, Горан Грковиќ 37’, Ненад Лазаревски 40’

АрцелорМиттал и новакот во Бизнис Лигата Адмирал одиграа крајно израмнето прво полувреме. Екипата на АрцелорМиттал го искористи искуството и стекна предност од 2 погодоци, а кај Адмирал, со оглед дека имаат прв настап во Бизнис Лигата, беше видлива мала невоиграност, но од друга страна покажаа доста играчки квалитети. На полувремето се отиде со 2-1. Идентична слика и во второто полувреме, се додека Адмирал не внесе во своите редови голман-играч преку кој целосно се врати во натпреварот, но се чини предоцна бидејќи времето беше сојузник на екипата на АрцелорМиттал, која го доби овој натпревар со 4-3.

6 октомври 2015 - 11:52