Млад и амбициозен, но социјално неприлагоден, Артур Шопенхауер му испратил на еден уредник ракопис од неговата книга „Светот како волја и претстава". Уредникот ја одбил, но на крајот од писмото му дал и неколку гратис вонкнижевни совети. Или можеби не?
„Дури и помеѓу буржујските економисти, тешко дека има сериозен мислител кој ќе одрече дека е можно, со средства кои во моментов постојат во смисла на материјални и интелектуални сили, да се стави крај на гладта и на сиромаштијата, и дека сегашната состојба на нештата се должи на социо-политичката организација на светот" Херберт Маркузе, „Крајот на Утопија"
Меѓу Хитлер и Холивуд постоел сосема солиден пакт и во 30-тите и во 40-те години на минатиот век, открива истражувач од Харвард. Соработката течела беспрекорно иако добар дел од главните луѓе на тогашен Холивуд биле Евреи.
Се сеќавате на изјавата на рускиот омбудсман дека најдоброто сексуално образование е читањето книга? Ајде да видиме кои се ставовите на писателите, во и вон книжевноста, по ова деликатно прашање.
Били Кристл, актер, продуцент, комичар и режисер, кој стана најпознат по „Кога Хари ја сретна Сели", и по тоа што дури девет пати го има водено доделувањето на Оскарите, издаде автобиографија. Богами, има и што да раскажува.
Вчера (24.09) Френсис Скот Фицџералд ќе го славеше својот 117 роденден. Го замислуваме како прави журка на небото во стилот на Гетсби, и со Зелда танцуваат до сабајле. Но она што понекогаш се заборава кога се зборува за него е неговата нежна, татковска страна, која е очигледна во ова писмо до неговата ќерка Франсис.
Марсел Рајх-Раницки повеќе од половина век беше највлијателниот книжевен критичар во германското говорно подрачје. Писателите му се плашеа, а читателите го обожаваа, особено кога се сликаше како кине книга која не му се допаѓа.
Дилемата е околу тоа што тажната музика може да предизвика силни емоции, но и покрај тоа типот на тага предизвикан од музиката во исто време е и пријатен на некој начин.
Заборавете на кондоми, орални контрацептиви, море најубаво заборавате воопшто на секс, и фатете книга да читате. Не, не ви го викаме ова ние. Ова е порака од рускиот детски омбудсман.
Oткако неодамна ја релативизиравме вредноста на цитирањето како интелектуален чин, најлогичниот след на настаните е да објавиме - цитати за пишувањето!
Иако во споредба со претходниот Папа, кој изгледаше како негативец од Дизни цртан, денешниот за кратко време стана ѕвезда и ја шармираше светската јавност, тој сепак не прави ништо поразлично од она што црквата го прави со векови, само се адаптира на новите случувања во светот.
Берман (1940), кој заради долгата коса и брада дури и личеше на Маркс, промовираше нов начин на разбирање на германскиот филозоф - не (само) како некој кој ги инспирирал советските револуционери, туку и како некој кој извршил влијание врз слободните мислители воопшто.
„Чудна пуританска номенклатура“ е книга од 19. век која содржи примери на ексцентрични имиња, кои биле такви и во времето кога настанале. Нив на своите деца им ги давале пуританците. Не, не тие пуританци.
Taман кога мислиш дека се се знае за некој славен автор, излегува нова биографија за него, со сочни детали кои ветуваат „нови хоризонти во разбирањето на неговиот книжевен опус". Во случајот со Селинџер, клучот за толкувањето излезе дека се наоѓа - меѓу неговите нозе.
Професорот по политичка филозофија на колеџот Бери, Питер Лавлер, на предавањата по предметот Технологија, Биотехнологија и Демократија, со своите студенти ја обработува книгата "Најглупата генерација" Марк Бауерлин, во која се објаснува како дигиталниот живот ги направил младите поглупи, меѓутоа истовремено и попаметни. Ова се неговите извадоци на темата.
Приказна од само неколку зборови. Како твит или хаику, кои дестилираат некакво силно, тешко искажливо чувство. Тоа сигурно важи за овие, кои се хроники на искуствата на американските војници во „војната против теророт".
Сметан за најголем ирски поет по В. Б. Јејтс, добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата од 2001 и на Нобеловата за литература замина во вечните поетски ловишта на 74 години.
Нова биографија на славното „врапче" тврди дека неколку работи кои досега важеа како точни во врска со нејзиниот живот се целосни измислици. Не дека тоа нешто ни менува кога е во прашање нејзината музика.
Едноставно е. Подгответе ja својата омилена комбинација за туна во фолија и ставете ја во машината која обично ја користите за миење садови. Што би се рекло, чиста работа.
Ако некој ви понуди книга од областа на „фундаменталните концепти на логичкиот дискурс" вие најверојатно веднаш, и сосема логично, ќе заклучите дека баш тогаш имате нешто работа. Но што ако некој ги одбрал најчестите грешки во донесувањето заклучоци, и ги визуелизирал толку интересно што никогаш нема да ги заборавите, логично, ако воопшто ги прочитате?
Американскиот поет Кенет Голдсмит во уметничка галерија во Мексико сити успеа да собере 10 тони хартија со веб материјал, кои се дел од изложбата „Печатејќи го интернетот".