Бидејќи со Трамп никогаш не си на чисто кога е сериозен а кога се чалами со твитови, на клучното прашање за светскиот мир во овој момент, колку САД навистина мислат да се ангажираат во Сирија, некои обриси на одговорот дава воениот буџет на Америка. Не е дека нема пари.
За сега Кина работи чисто во рамки на дипломатија и сите притисоци што може преку политика и својата тежина да ги изврши врз Тајван и светот. Притоа ни најмалку не помага тоа што САД решија дека сега е време да исправаат трговски неправди со „фабриката на светот“.
Хуавеи успева да набие разлика од 60% поголема продажба пред второпласираната ЈД.ком и покрај тоа што таа речиси е банирана од американскиот пазар, а 4-те најголеми мобилни оператори во земјата - АТ&Т, Веризон, Т-Мобиле и Спринт, не смеат да ја користат нејзината опрема.
Како што е редот, Трамп во еден твит го потврди отпуштањето на досегашниот министер за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон, и го објави неговиот наследник, Мајк Помпео, досегашниот прв човек на американското разузнавање.
Аргументот на тие што се против поседување оружје е дека масовните убиства во САД се случуваат заради тоа што во земјата може многу лесно легално да се купи оружје. Аргументот на тие што се за поседување оружје по дома е дека САД имаат проблем со ментални болести, а не со внимателни сопственици на оружје. Вистината веројатно е некаде измеѓу.
Иако веќе подолго време зборува за неговата желба војници да маршираат низ булеварите на Вашингтон како претстава за воената надмоќ на САД, идејата за парада во главниот град на САД почнува да добива службена форма по еден состанок од 18 јануари во Пентагон меѓу Трамп и неговите генерали.
Американската администрација размислува државата да преземе дел од националната мобилна мрежа, конкретно 5Г мрежата. Предлогот за национализација бидејќи доаѓа од советниците на Трамп за безбедност, се води како мерка за заштита на американската мобилна мрежа од Кина.
Под водство на Трамп, популарноста и лидерскиот престиж на САД опаѓаат во целиот свет. Освен во спомнатите четири земји. Причините им се различни, тоест секоја од нив е башка будала.
Во сатиричната колумна која комичарот Енди Боровиц ја пишува за Њујоркер, „Боровиц рипорт“, тој ја дефинира главната линија на раздор помеѓу Трамп и неговата можна конкурентка во претседателските избори 2020 - тој мрази книги, таа има читачки клуб. И тоа би требало да е доволно за Американците кога следниот пат ќе гласаат.
Зборувајќи на Ен-би-си за својата книга, Мајкл Волф изјавува дека „луѓето на Трамп го сметаат него за дете“ објаснувајќи дека американскиот претседател има постојана потреба од инстантно задоволство, „ниту чита, ниту слуша, тој е како флипер, само мава на сите страни.“
Една година од претседателствувањето на Трамп, неговата грандиозна идеја за подигање ѕид на јужната граница се сведе на неколку прототипи од по 10-тина метри закопани во пустина.
На само неколку дена пред инаугурацијата на Трамп, романски хакери упаднале во компјутерскиот систем на полицијата од Вашингтон одговорен за контрола на камерите за надзор.
И покрај звучните пред и пост изборните најави дека ќе депортира милиони илегални Мексиканци од САД, податоците на самото Мексико покажуваат дека во периодот од јануари до ноември годинава од САД биле вратени една четвртина помалку Мексиканци отколку истиот период во последната година на Обама.
Диверзитет, наука, доказ...Ова се само неколку примери на зборови кои се препорачува да не се користат во апликациите ако сакате да бидете финансирани од државата во областа на - да! - науката во 2018 во САД.
Со години, извршниот директор на Епл, Тим Кук, го повикуваше Вашингтон да ги намали трошоците за да може неговата компанија да врати во земјата милијарди долари што ги држи во странство. Токму на Божиќ, на Кук конечно му се оствари желбата.
Стигна сметката за мнозинската одлука на Обединетите Нации да го осуди американското признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Администрацијата на Доналд Трамп најави драстично намалување на буџетот на ОН.
Како ретко кога од распаѓањето на СССР, годинава главна вест во САД беше „Русија“, и отприлика тука завршуваат сите сличности околу тоа кој како ја разбрал темава.
40 милиони Американци живеат во сиромаштија, а според критериумите на ОН, речиси половина од нив во длабока сиромаштија. САД имаат највисока стапка на детска сиромаштија во развиениот свет (25%), постојат луѓе кои живеат со помалку од 2 долари на ден и и згора на сè - Трамп им е претседател.
Корпоративната даночна стапка се намалува од 35 на 21 отсто. Семејствата кои заработуваат помалку од 25.000 долари годишно ќе добијат просечно намалување на данокот од 60 долари, додека оние што заработуваат повеќе од 733.000 американски долари ќе платат 51.000 долари помалку.
По најавата на американскиот претседател дека ќе ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим кој ќе го прогласи за израелска престолнина, се запали Блискиот Исток а реагираа и навивачите на Селтик.
Обвиненијата против шефот на кампањата на Доналд Трамп носат десетици години затвор. Не се директно поврзани со сомневањата на односите меѓу Трамп и Русите но ова е досега најблиското стегање на обрачот околу актуелниот претседател.
Биограф на Доналд Трамп раскажа како актуелниот американскиот претседател своевремено го убедувал како слика што ја поседува била прав, правцат Реноар. Скорешно видео интервју со првата дама на САД открива дека лажњакот уште им виси по дома.
Како дел од програмата за протерување што е можно повеќе нелегални мигранти администрацијата на Трамп постави и кодошка телефонска линија на која анонимно можеш да пријавиш некој од оваа група. Неочекуван нус-производ на ова е бројот на луѓе што тајно пробуваат да ги депортираат роднините на својот партнер/ка.
Утехата на демократите е дека веќе е крајот на 2017 и се ближат меѓу-изборите за Конгресот во 2018, па за не така долго време "се додека успееме да избегнеме нуклеарна војна" претседателските избори во 2020 ќе бидат крајот на Трамп, пишува Пол Волдман во Вик.