Линијата (Victims of Immigration Crime Engagement - VOICE) е активна од април, и со мисија „да обезбеди проактивна, навремена, адекватна и професионална услуга на жртвите на криминал направени од имигранти што можат да бидат отстранети“.
По основа на Законот за слобода на информации, американски новинари доаѓаат до дел од записите на АЈС (Immigration and Customs Enforcement - ICE), а во нив „страотен асортиман на луѓе кои тајно се обидуваат да се ослободат од швалерките на сопругот, децата на нивната сопруга од претходните бракови, родителите на сопругата или сопругот, како и решавање на голем број ситни кавги и порамнување сметки“.
Од дојавите на телефонската линија:
„- Јавувачот сакаше да ја пријави својата свекрва и золва. Јавувачот изјави дека овие индивидуи дошле во САД како туристи и останале во САД за да добијат легален статус.
- Јавувачот изјави дека неидентификуваната индивидуа го уништува нејзиното семејство и прави прељуба.
- Јавувачот побара да ја пријави својата поранешна сопруга како нелегален мигрант кој останал по истекувањето на визата.
- Јавувачот побара да пријави нелегални мигранти затоа што нелегалните мигранти не и дозволувале да си ја види внуката.
- Јавувачот побара да пријави недокументиран мигрант кој го обвинува него за домашно насилство со цел да стекне легален статус. Јавувачот тврди дека субјектот е негова легална сопруга.
- Јавувачот сакаше да знае како да пријави нелегален брак во кој е вклучена корист за миграција. Јавувачот изјави дека субјектот поднел обвиненија за домашно насилство против нејзе со цел да добие виза.
- Јавувачот тврди дека субјектот поднел лажни обвиненија за домашно насилство против јавувачот. Јавувачот тврди дека субјектот се обидува на стекне азил преку лажни обвинувања за домашно насилство со цел субјектот да остане во САД.“